Возете слободно!

ТАG уредот е постпејд и за него ви треба само платежна картичка. Потребно е само еднаш да го регистрирате и да го поврзете со вашата платежна картичка и да уживате во слободно возење и брзо минување на патарините во Северна Македонија, Србија и Црна Гора.

Регистрацијата е едноставна!

Скенирајте го QR кодот на договорот кој ќе ве одведе на страницата за регистрација.

Одлични предности!

Лесно ќе нè најдете!

ТAG уредот можете да го купите во сите продажни места на МТЕЛ.

1. За кого е наменет ТAG уредот и каде може да се користи?

За сите државјани и странци кои патуваат низ Србија, Македонија или Црна Гора.

2. За какви возила е наменет ТAG уредот?

Само за I категорија возила: автомобил, комбе и возила кои се возат со Б категорија.

3. Како и каде може да се купи TAG уредот?

Во готово или со платежна картичка во продажната мрежа на МТЕЛ.

4. Колку чини ТАG уредот?

1199 денари.

5. Како се поставува ТАG уредот?

Едноставно, со помош на држач, од внатрешната страна на возилото во горниот среден дел каде најчесто се наоѓа црн дел од стаклото.

6. Како функционира TAG уредот?

Со самото приближување на наплатна рампа, TAG уредот автоматски се вчитува, отварајќи ја рампата без застанување.

7. Дали можам да следам колку имам потрошено при користењето?

Да, со регистрацијата на порталот автоматски можете да следите колку сте потрошиле при користењето на ТАG уредот.

8. Дали може да се користи за повеќе возила?

Да, еден TAG уред може да се користи за повеќе возила од иста категорија без разлика на регистрацијата.

Mесто за вашите прашања

E-адреса

Испрати ни е-пошта на info@mtel.mk

Повик

Повикај 15010 и заштеди време

Социјални мрежи

Следи нè на Facebook, Youtube, LinkedIn и Instagram

Филијала

Посети ја нашата експозитура и дознај сè што те интересира