Што е mPLAY TV, апликацијата за филмски содржини и live TV што ја добиваат корисниците на МТЕЛ?

Кажано со едноставни зборови, mPLAY TV е вашето џебно кино, телевизиски сет во движење или видеотека што можете да ја носите низ цел град, на планина, на езеро, во викендица.

mPLAY TV има 21 ТВ канал што постојано емитуваат програма, а меѓу нив ќе најдете некои од најактуелните спортски, филмски, музички и информативни канали на Балканот. Љубителите на гејминг и спорт можат на својот мобилен телефон да ги гледаат Arena eSport HD и Arena Fight. Филмофилите ќе се насладуваат на спектакуларни филмски наслови и серии на мегапопуларните Superstar и Superstar 2. Зависниците од музика ќе можат да ги гледаат најновите содржини и да ги следат вестите за своите омилени музички артисти на Toxic, Toxic Rap и Toxic Folk. Сите ја имаат опцијата да ги одберат своите омилени канали и да ги зачуваат за подоцна да им се навратат и повторно да ги гледаат.

Еден од најатрактивните сегменти од апликацијата mPLAY TV е Видео клубот во којшто ви се на располагање најпопуларните регионални серии и филмови што уриваат рекорди на гледаност на Балканот. Со апликацијата mPLAY TV, хит сериите како „Убијците на мојот татко“, „Беса“, „Клан“, „Црна свадба“ ви се постојано достапни. Тука се и извонредните најнови филмови што ги полнат кино салите низ Балканот, но и незаборавниte филмски класици што секогаш заслужуваат одново да им се навратите.

Со својата екстра понуда која постојано ќе се надополнува, mPLAY TV e ултимативното мобилно кино во кое корисниците на MTEL ќе имаат привилегија да бидат специјални гости и верни гледачи.

Апликацијата може да се преземе од Google Play и Apple Store и инсталира на вашите мобилни уреди (мобилен телефон, таблет) како и ТВ-уреди со SmartTV функционалност. Во исто време е возможно следење на содржините од mPLAY TV на два уреди, на телефон и смарт ТВ.

За бесплатен пристап до содржините на mPLAY TV потребно е да бидете корисник на една од следните услугите на МТЕЛ:

mSTART14 припејд сим картичка со редовно дополнување на вашиот кредит од најмалку 299 денари месечно

mSTART20 припејд сим картичка без надополнување во првиот месец, од следниот месец со редовно дополнување на вашиот кредит од најмалку 299 денари месечно

– Со претплатнички договор за mCONNECT L тарифен модел

– Со претплатнички договор за mBOX Trio Max пакет

Mесто за вашите прашања

E-адреса

Испрати ни е-пошта на info@mtel.mk

Повик

Повикај 15010 и заштеди време

Социјални мрежи

Следи нè на Facebook, Youtube, LinkedIn и Instagram

Филијала

Посети ја нашата експозитура и дознај сè што те интересира