Најчесто поставувани прашања

1. Како можам да го сменам пакетот (во текот на траењето на договорната обврска)?

Пакетот можете да го смените со повикување на контакт-центарот на број 15010, преку електронска пошта на адреса info@mtel.mk или со одење во најблиското продажно место.

2. Како можам да активирам дополнителни канали?

Дополнителните канали можете да ги активирате со повикување на контакт-центарот на број 15010, преку електронска пошта на адреса info@mtel.mk или со одење во најблиското продажно место.

3. Како можам да ја користам услугата на повеќе ТВ-уреди?

Доволно е да поднесете барање во наше продажно место или преку контакт-центарот 15010. За секој ТВ-уред ќе добиете посебен СТБ-уред (сет-топ бокс) што овозможува независно следење на програмата на секој ТВ-приемник.

4. Колку СТБ-уреди можам да поврзам?

Максималниот број на СТБ-уреди што можете да ги користите е 4.

5. Колку се чека за инсталација?

Ве очекува брза и едноставна инсталација во најкус можен рок од поднесувањето на барањето за услугата сателитска телевизија.

6. Дали се наплаќа инсталацијата?

Доколку се одлучите за договорна обврска на 24 месеци, инсталацијата е бесплатна, односно 1 денар.

7. Каква е опремата? Дали е гломазна и дали ќе го промени изгледот на куќата/станот?

Опремата подразбира сателитски приемник со интегрирана m:SAT картичка и врвна сателитска антена со опрема, дизајнирана да ви пружи максимална функционалност со минимално користење на просторот во вашиот дом.

8. Каква е процедурата за воведување?

Доволно е да се обратите во контакт-центарот на 15010, преку електронска пошта на info@mtel.mk, преку сајтот линк кон образецот за купување или во најблиското продажно место и во најкус рок можете да ја очекувате нашата техничка екипа којашто ќе ја изврши инсталацијата.

9. Дали договорот мора да биде на 24 месеци или би можел да биде и на покус период?

Договорот може да се склучи на 12 месеци или без договорна обврска.

10. Дали постои можност за пробен период за користењето на услугата?

Засега ја немаме предвидено оваа можност. За сите попрецизни информации, можете да го повикате контакт-центарот на број 15010 и љубезните оператери ќе ви ги предочат сите клучни предности на нашата понуда, а на сајтот info@mtel.mk имате повеќе информации за услугата сателитска телевизија.

11. Како можам да пријавам проблем со услугата (опремата)?

Кој било проблем со нашата услуга можете да го пријавите во контакт-центарот на 15010, преку мејл на info@mtel.mk или со доаѓање во најблиското продажно место.

Mесто за вашите прашања

E-адреса

Испрати ни е-пошта на info@mtel.mk

Повик

Повикај 15010 и заштеди време

Социјални мрежи

Следи нè на Facebook, Youtube, LinkedIn и Instagram

Филијала

Посети ја нашата експозитура и дознај сè што те интересира