MOVE – Промена на кориснички интерфејс и нов каталог TS Media

06.10.2025.
MOVE – Промена на кориснички интерфејс и нов каталог TS Media

Ве известуваме дека од 01.10.2025 каталогот Superstar во Видео клубот на MOVE се гаси. На негово место, кај сите корисници се активира новиот каталог TS Media.

Воедно е модифициран и корисничкиот интерфејс во рамките на Видео клубот со цел:

  • подобрување на корисничкото искуство,
  • поефикасно управување со содржини,
  • создавање дополнителни можности за промоција,
  • појасна категоризација и подобра видливост на содржината.

Новиот каталог TS Media

TS Media е единствена дестинација за комплетна содржина произведена од Telekom Srbija и партнерските продуцентски куќи, организирана во јасни тематски единици за полесна навигација.

Со TS Media македонската публика ќе ужива во:

  • Филмски и Сериски Хитови: Наслови како Убице мога оца, Јужни ветар, Недеља, Марш на Дрину, Скупљачи перја и многу други.
  • Документарни емисии: Како, на пример, документарецот Неуспех првака.
  • Детски програми: Како што е емисијата Баш супер клинци.
  • Музички програми: Содржини од Саша Матиќ, Аца Лукас и многу други.
  • Спортски содржини, подкасти (како Telcast) и едукативни формати.

Нашите корисници ќе добијат пристап до над 5.500 наслови и над 2.200 часа филмови, серии, документарци, музика и поткасти, а за најмладите – омилените детски емисии на TS, забава за целото семејство на едно место!

 

Технички напомени

  • Гасењето на Superstar каталогот нема да влијае на корисничкото искуство – содржината ќе биде интегрирана во тематските каталози на TS Media.
  • Каналите Superstar во живо продолжуваат да функционираат, но без посебен каталог.
  • Промотивна понуда – бесплатно користење на каталогот TS Media за сите корисници до 31.12.2025 година.

Регионален бренд со глобален дострел

TS Media не само што ја претставува српската и регионалната продукција на најдобар начин, туку преку партнерства со компании како Amazon, HBO и Disney+, нејзината содржина веќе стигна до над 60 милиони гледачи на повеќе од 35 територии во светот.
Белград и TS Media годинава беа домаќини и на полуфиналното жирирање за престижната Emmy награда, што е дополнителна потврда на глобалната репутација.

Со оваа промена, МТЕЛ ја носи најдобрaта регионална продукција директно во вашите домови, на едно место – за сите генерации и вкусови.

ПРЕГЛЕД НА ПРИВАТНОСТА

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб-страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата ги сметате за најинтересни и корисни.