Со задоволство ја најавуваме новата соработка помеѓу МТЕЛ и Iute, преку која им носиме на нашите корисници уште поголема вредност, подобри услови и пристап до современа технологија.
Во рамки на ова партнерство, ја стартуваме првата заедничка акција која им овозможува на корисниците на MOVE телевизија да добијат 50% попуст на Samsung телевизори при плаќање преку системот на Iute.
Оваа понуда е наменета за сите кои сакаат да го збогатат своето домашно искуство и да уживаат во врвна слика и звук за време на најголемите спортски настани и ТВ содржини.
Кој може да ја искористи понудата
- Нови корисници кои ќе склучат договор на 24 месеци
- Постојни корисници кои ќе го обноват договорот на 24 месеци
(Плаќањето во двата случаи се реализира преку Iute)
MOVE пакети опфатени во акцијата
- MOVE S
- MOVE M
- MOVE L
Samsung телевизори во понудата
Samsung 43″ (43CU7092)
Редовна цена: 23.199 денари
Акциска цена: 11.599 денари
Samsung 50″ (50CU7092)
Редовна цена: 27.699 денари
Акциска цена: 13.849 денари
Со оваа соработка, МТЕЛ продолжува да развива иновативни партнерства кои носат директни придобивки за корисниците и овозможуваат полесен пристап до квалитетна технологија по поповолни услови.
За повеќе информации, корисниците можат да ги посетат продажните места на МТЕЛ или официјалните канали за комуникација.