Патувајте полесно низ Европа со е-вињети од МТЕЛ

03.09.2026.
Патувајте полесно низ Европа со е-вињети од МТЕЛ

Патувајте полесно низ Европа со е-вињети од МТЕЛ

Планирате патување со автомобил низ Европа?
МТЕЛ ви овозможува подготовката за пат да биде поедноставна и побрза, со електронски е-вињети достапни за 9 европски земји – на едно место.

Наместо да губите време по пат и да барате каде да ја купите потребната вињета, преку корисничкиот портал можете едноставно да ја изберете земјата, да внесете ги потребните податоци за возилото и да го завршите плаќањето онлајн.

Е-вињета во неколку едноставни чекори

За да ја купите вашата е-вињета, потребно е да имате активен TAG уред и кориснички профил.

Потоа:

  1. Најавете се на корисничкиот портал.
  2. Изберете земја, возило и период.
  3. Внесете ги податоците за возилото и регистарската табличка и извршете го плаќањето.
  4. Потврдата за купената е-винета ќе ја добиете на вашата e-mail адреса.

Услугата е дизајнирана да ви заштеди време и да ви овозможи патувањето да го испланирате однапред, без непотребно чекање и дополнителни обврски.

Сè што ви треба за полесно патување

Со МТЕЛ, подготовката за патување не завршува само со е-вињетата. TAG уредот ви овозможува полесно минување низ наплатните рампи, а плаќањето се врши директно преку регистрираната платежна картичка. Корисниците добиваат и 6% попуст на патарините во Србија.

Ако сè уште немате TAG уред, можете да го нарачате по цена од 1.299 денари и да го активирате вашиот кориснички профил.

Планирајте го патувањето однапред. МТЕЛ се грижи патувањето да биде поедноставно.

Купи е-винета | Купи TAG уред

 

ПРЕГЛЕД НА ПРИВАТНОСТА

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб-страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата ги сметате за најинтересни и корисни.