Во духот на новогодишните и божиќните празници, кога споделувањето, вниманието и човечката топлина добиваат посебно значење, и оваа година ја продолживме нашата мисија да бидаме поддршка на заедницата преку хуманитарна и општествено одговорна активност.
Ги посетивме децата од ЈЗУ Центарот за рехабилитација на патологија на вербална комуникација – Скопје, каде со многу љубов и внимание им доделивме новогодишни пакетчиња, подготвени со посебна грижа за да им донесат радост во празничните денови.
Со оваа иницијатива испраќаме силна порака за солидарност, грижа и поддршка за најмладите, кои заслужуваат празниците да ги дочекаат со насмевка, топлина и чувство дека не се сами.
Новогодишните пакетчиња беа симбол на внимание и подадена рака, но и потсетник дека заедништвото и хуманоста се вредности што ги негувам секојдневно. Во празнична атмосфера, исполнета со позитивна енергија, споделивме моменти на искрена радост кои ја надминуваат материјалната вредност и оставаат трага во срцата.
„Празниците нè потсетуваат дека најголемата вредност е во споделувањето и грижата за другите. Преку оваа активност сакавме да им подадаме рака на децата и да им подариме моменти на радост и внимание. Како општествено одговорна компанија, ќе продолжиме да ги поддржуваме иницијативите што создаваат позитивни приказни и вистинско значење за заедницата. Заедно за радост.“
Како компанија која континуирано инвестира во општествено одговорни проекти, остануваме доследни на својата мисија – да бидеме активен и одговорен партнер на заедницата, поддржувајќи иницијативи што носат вистинска вредност и позитивна промена.
Заедно за радост – затоа што празниците се најубави кога се споделени.