МТЕЛ е официјален партнер на најновото издание на Д Фестивал

05.06.2024.
МТЕЛ е официјален партнер на најновото издание на Д Фестивал

Во рамките на веќе оствареното партнерство со Пасворд Продукција, МТЕЛ е овогодинешниот официјален  партнер на најпопуларниот open-air музички фестивал во Македонија, Д Фестивал. Четиринаесеттото издание ќе се одржи од 28 до 30 jуни и според најавениот lineup тоа ќе биде најдобро досега.

Дел од богатата програма која ќе се одвива на неколку стејџови, оваа година ќе бидат: Фатумата Диавара, Џоел Кори, „Hot Since 82“, „Joker Out“, Lil Pump, „Нувел ваг“, Лил Памп, бендот „Елементал“ од Хрватска, босанскиот реге-поп бенд „Зостер“, „Корпорација Вагина“, палестинската диџејка Сама Абдулхади, Дебора де Лука, „Пич Вајс“, „Санаториум“, „Јин Јин“, „Номад“, Ем-Си Кејн, „Демиџ Контрол“, „Црно собрание“, Страјк, Гоце, Чваре, Хилјсон Мандела, Бакс, Ружно Паче, Бон Праскиза, Лука Чомбе, Булз, Шорти Пи, Ајри Скреч, Огипилсон и други.
Д Фестивал 2024 ќе изобилува и со разни други активности, работилници, перформанси, базар.

За време на фестивалските денови и тимот на МТЕЛ ќе биде дел од најголемото музичко случување во земјава со понуда на интересни содржини и во дружба со фестивалџиите и камперите. Се гледаме во Дојран на Д Фестивал!