МТЕЛ и Иуте започнуваат ново партнерство со ексклузивни поволности за корисниците

08.06.2026.
МТЕЛ и Иуте започнуваат ново партнерство со ексклузивни поволности за корисниците

Со задоволство ја најавуваме новата соработка помеѓу МТЕЛ и Iute, преку која им носиме на нашите корисници уште поголема вредност, подобри услови и пристап до современа технологија.

Во рамки на ова партнерство, ја стартуваме првата заедничка акција која им овозможува на корисниците на MOVE телевизија да добијат 50% попуст на Samsung телевизори при плаќање преку системот на Iute.

Оваа понуда е наменета за сите кои сакаат да го збогатат своето домашно искуство и да уживаат во врвна слика и звук за време на најголемите спортски настани и ТВ содржини.

Кој може да ја искористи понудата

  • Нови корисници кои ќе склучат договор на 24 месеци
  • Постојни корисници кои ќе го обноват договорот на 24 месеци
    (Плаќањето во двата случаи се реализира преку Iute)

MOVE пакети опфатени во акцијата

  • MOVE S
  • MOVE M
  • MOVE L

Samsung телевизори во понудата

Samsung 43″ (43CU7092)
Редовна цена: 23.199 денари
Акциска цена: 11.599 денари

Samsung 50″ (50CU7092)
Редовна цена: 27.699 денари
Акциска цена: 13.849 денари

Со оваа соработка, МТЕЛ продолжува да развива иновативни партнерства кои носат директни придобивки за корисниците и овозможуваат полесен пристап до квалитетна технологија по поповолни услови.

За повеќе информации, корисниците можат да ги посетат продажните места на МТЕЛ или официјалните канали за комуникација.

ПРЕГЛЕД НА ПРИВАТНОСТА

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб-страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата ги сметате за најинтересни и корисни.