2024 година заврши со големо изненадување кое МТЕЛ го подготви за своите корисници – нов продажен салон во Skopje City Mall.
Оваа нова локација на една од најатрактивните шопинг дестинации во Скопје значително ќе ја подобри достапноста на услугите и производите на МТЕЛ.
Со новиот салон, МТЕЛ се обидува да ги задоволи потребите на поширок круг на луѓе, нудејќи им ги своите производи на дофат на рака дури и кога ги задоволуваат останатите шопинг потреби. Корисниците сега можат полесно да ги пронајдат најновите производи и услуги, што дополнително ќе ја зајакне поврзаноста со клиентите.
Отворањето на новиот салон во Skopje City Mall е дел од стратегијата на МТЕЛ за продолжување на растот, како и за подобрување на достапноста на услугите и иновациите во областа на телекомуникациите.