Патувајте полесно низ Европа со е-вињети од МТЕЛ
Планирате патување со автомобил низ Европа?
МТЕЛ ви овозможува подготовката за пат да биде поедноставна и побрза, со електронски е-вињети достапни за 9 европски земји – на едно место.
Наместо да губите време по пат и да барате каде да ја купите потребната вињета, преку корисничкиот портал можете едноставно да ја изберете земјата, да внесете ги потребните податоци за возилото и да го завршите плаќањето онлајн.
Е-вињета во неколку едноставни чекори
За да ја купите вашата е-вињета, потребно е да имате активен TAG уред и кориснички профил.
Потоа:
- Најавете се на корисничкиот портал.
- Изберете земја, возило и период.
- Внесете ги податоците за возилото и регистарската табличка и извршете го плаќањето.
- Потврдата за купената е-винета ќе ја добиете на вашата e-mail адреса.
Услугата е дизајнирана да ви заштеди време и да ви овозможи патувањето да го испланирате однапред, без непотребно чекање и дополнителни обврски.
Сè што ви треба за полесно патување
Со МТЕЛ, подготовката за патување не завршува само со е-вињетата. TAG уредот ви овозможува полесно минување низ наплатните рампи, а плаќањето се врши директно преку регистрираната платежна картичка. Корисниците добиваат и 6% попуст на патарините во Србија.
Ако сè уште немате TAG уред, можете да го нарачате по цена од 1.299 денари и да го активирате вашиот кориснички профил.
Планирајте го патувањето однапред. МТЕЛ се грижи патувањето да биде поедноставно.
Купи е-винета | Купи TAG уред