Фановите на серијата „12 збора“ имаат добра причина да следат Суперстар бидејќи започнува втората сезона од серијата што ја плени регионалната публика. Станува збор за приказната за амбициозниот млад адвокат Милош Ивановиќ кој и покрај завршениот факултет ќе одлежи 5 месеци затвор затоа што полагал испити за други во текот на студирањето. Поради тоа е избришан од именикот на адвокатската комора што претставува пречка за вработувањето. Но искусниот и контроверзен адвокат Томислав Грубор во него ќе види потенцијал и ќе му ги отвори вратите на својата прочуена адвокатска канцеларија. Грубор ја застапува криминалната организација на чие чело е Жарко Чечерин кој е под истрага.
Во новата сезона, време е за наплата на старите долгови. Милош Ивановиќ се обидува да го врати својот живот на вистински пат откако случајот Чечерин ќе биде затворен по сведочењето на заштитениот сведок Влаховиќ. Неговиот план да живее нормален живот се менува кога ќе стане заложник на Жарко Чечерин… „12 збора“ можете да ја следите секој работен ден од 21 часот на Суперстар, преку MOVE TV.