Романтичната комедија „Прошетка со лавот“ со ексклузивна регионална премиера на mPLAY TV

16.11.2022.
Романтичната комедија „Прошетка со лавот“ со ексклузивна регионална премиера на mPLAY TV

Апликацијата mPLAY TV полека станува платформа на која ќе се прикажуваат ексклузивни регионални премиери! Oд 15 ноември, припејд корисниците на mSTART SIM-картичките на МТЕЛ ќе имаат ексклузивна можност да ја гледаат романтичната комедија исполнета со иронија и неверојатно добар хумор – Прошетка со лавот. Серијата ќе започне да се прикажува на Суперстар каналот од 10 декември, но корисниците на МТЕЛ мобилната телефонија ќе имаат прилика да ја гледаат серијата речиси еден месец пред сите останати во регионот преку апликацијата mPLAY TV.

Станува збор за исклучително забавна, а понекогаш и откачена серија за романсата меѓу неуспешниот режисер Светислав и телевизиската водителка Уна. „Прошетка со лавот“ ни ја раскажува средбата на два различни света, на две човечки суштества коишто духовно тешко дека може да бидат оддалечени еден од друг и кои судбината вешто наоѓа начин да ги соедини. Светислав Батo Крстиќ е помалку интровертен, но многу образован, неуспешен режисер чиe интервју го снима нереално популарната, но исклучително површна телевизиска водителка  Уна Лазаревиќ. Нивната средба ќе резултира со вистинска експлозија.

Низ 10 епизоди ги следиме подемите и падовите на Светислав и Уна, со посебен акцент на коренитата промена низ која што ќе минуваат. Првите пет епизоди ќе бидат објавени на 15 ноември, додека вторите пет на 28 ноември.

Улогите ги толкува неверојатно добра актерска екипа која што ја сочинуваат Андрија Кузмановиќ (Светислав), Анџелка Прпиќ (Уна), Андреј Шепетковски, кој го потпишува и сценариото за серијата, Бане Видаковиќ, Тихомир Станиќ, Бранка Пујиќ, Андрија Милошевиќ, Милјана Гавриловиќ, Слободан Чустиќ, Марко Чверо, Јован Јовановиќ, Стефан Бундало. Режијата е на Филип Чоловиќ.

Пристап од mPLAY TV како и Balkan Myusic апликацијата добивате со mSTART 14 и редовно дополнување кредит од најмалку 299 денари месечно. Со mSTART 20, првиот месец добивате бесплатен пристап до апликациите, а од следниот месец со редовно дополнување кредит од најмалку 299 денари месечно. Двете апликации исто така ги добивате со претплатнички договор за тарифниот модел mCONNECT L и за пакетот mBOX Trio Max.

 

фотографии: Немања Мишчевиќ / Nemanja Miščević