Новиот TAG уред на МТЕЛ е одлична вест за сите возачи и патници кои патуваат низ Македонија, Србија и Црна Гора. Корисниците на овој најнов производ од широкиот спектар производи и услуги на МТЕЛ, ќе можат едноставно и брзо да поминуваат на наплатните рампи во овие три држави. Сè што треба да направите е да го купите TAG уредот во некој од нашите продажни салони и ексклузивни партнери и да го скенирате QR кодот на договорот кој ќе ве одведе на страницата за регистрација на која ги внесувате личните податоци и платежната картичка. Важно е да се напомене дека TAG уредот е постпејд што значи дека нема потреба да го надополнувате. Плаќањата на патарините се вршат директно од внесената платежна картичка, а секој регистриран корисник ќе може да го следи трошењето преку својата регистрирана сметка. Сите корисници на TAG уредот добиваат ексклузивен попуст од 6% на патарините во соседна Србија, а истиот уред може да се користи за повеќе возила од иста категорија без разлика на регистрацијата. Уште една одлична вест е што ТАG уредот наскоро ќе може да се користи и на патарините во Грција, Хрватска и Босна и Херцеговина.
Можеби сеуште ви се допаѓа…
24.11.2025.
Black Friday понуда: Искористете до 30% Попуст на Samsung Телевизори и Huawei Паметни Часовници!
06.10.2025.
MOVE – Промена на кориснички интерфејс и нов каталог TS Media
14.08.2025.
МТЕЛ ја продолжува поддршката за македонската кошарка уште една година како генерален спонзор на Супер лигата – мажи