Популарниот канал Суперстар којшто може да се следи преку MOVE и mSAT ги изненади гледачите со три нови серии на својата програма. Станува збор за сериите „Кафана на Балканот“, „Киднапирање“ и „Пасјача“.
„Кафана на Балканот“ е серија снимена по мотиви од животот на Аца Лукас. Главниот лик Пеѓа Ковач, поради сплет на околности, нема избор за својата егзистенција. Тој има 30 години и свири клавијатури во локалниот рок бенд. Еден ден, неговиот талент ќе биде препознаен од музичкиот продуцент Вања кој од Пеѓа ќе направи голема ѕвезда.
„Киднапирање“ е приказна за Ана, млада Србинка која живее во Данска и работи како куќна помошничка. Таа во очај решава да ѝ пркоси на судбината. Останувајќи бремена од моќниот бизнисмен Маркус кој ѝ се заканува да го земе детето доколку со ДНК тест се докаже дека е негово, таа носи судбинска одлука. Заедно со татко ѝ, Ана киднапира дете од Белград за да го подметне наместо своето за ДНК тестирањето, само да го спречи Маркус да докаже дека е биолошки татко. Од тој ден, животот се претвора во кошмар.
Во „Пасјача“, животот на главните јунаци добива неочекуван тек со една преселба. Никола е разочаран идеалист и наставник во белградско основно училиште кој не може да ја преболи поранешната вереница и сè yште живее со родителите. Еден ден добива предлог од мистериозната адвокатка Анита да се пресели во село во западна Србија и таму да работи како наставник. Набрзо дознава дека неговото пристигнување во селото ќе ги разбуди сеќавањата на едно злосторство извршено пред 30 години.
Гледајте ги новите серии на Суперстар, а доколку сте корисници на MOVE, не заборавајте дека можете да ги враќате пропуштените епизоди до 7 дена наназад од денот на нивното оригинално емитување.