Во MTEL продолжуваме со збогатување на дигиталното искуство за нашите корисници,
а со особено задоволство информираме дека каталогот на македонската стриминг-платформа каталогот Gley отсега станува дел од
MOVE TV семејството.
Gley нуди богата библиотека на содржини, целосно локализирани на македонски и
албански јазик. Во рамки на каталогот, корисниците ќе можат да уживаат во најдоброто
од домашната продукција – култни македонски серии, филмови и документарни
емисии, како и светски хитови од холивудската и европската продукција.
Посебен сегмент е посветен и на најмладите, со богат избор на детска програма и
цртани филмови синхронизирани на македонски и албански јазик, достапни во
безбедна средина.
Со интеграцијата на Gley во MOVE TV, на нашите корисници им овозможуваме уште
побогато и поедноставно entertainment искуство – сè на едно место, без потреба од
дополнителни уреди или комплицирани најавувања. Содржините ќе бидат достапни на
сите MOVE екрани – телевизор, телефон и таблет.
Gley каталогот е достапен ПО ПРОМО ЦЕНА од 199 денари месечно.
Во MTEL континуирано работиме на унапредување на корисничкото искуство и
збогатување на MOVE понудата. Со официјалниот почеток на соработката со Gley, на
корисниците им овозможуваме лесен пристап до врвна домашна и странска
продукција – едноставно и на едно место.