Kорисниците на MOVE ќе ја следат Олимпијадата на 7 Еurosport канали

26.07.2024.
Kорисниците на MOVE ќе ја следат Олимпијадата на 7 Еurosport канали

Одлична вест за сите љубители на спортот! До 11 август, корисниците на MOVE можат да ги следат најголемите светски спортисти на Олимписките игри во Париз на 7 тематски Eurosport канали. Доколку сте корисник на MOVE без разлика на вашиот претплатнички пакет, уживајте во најголемиот и најочекуван спортски настан во светот и следете ги натпреварувањата во вашите омилени спортови на следниве канали:

Еurosport 3 (позиција на каналот 127) – тенис, пинг-понг и бадминтон

Еurosport 4 (позиција на каналот 128) – гимнастика, скокови во вода и синхронизирано пливање

Eurosport 5 (позиција на каналот 129) – фудбал

Еurosport 6 (позиција на каналот 130) – кошарка

Eurosport 7 (позиција на каналот 131) – боречки спортови

Eurosport 8 (позиција на каналот 132) – ракомет

Eurosport 9 (позиција на каналот 133) – одбојка

По завршувањето на Олимписките игри во Париз (26 јули до 11 август 2024), Еurosport pop-up тематските канали ќе бидат отстранети од листата со тв-канали на MOVE.

Уживајте во олимписката возбуда!