Ве известуваме дека од 01.10.2025 каталогот Superstar во Видео клубот на MOVE се гаси. На негово место, кај сите корисници се активира новиот каталог TS Media.
Воедно е модифициран и корисничкиот интерфејс во рамките на Видео клубот со цел:
- подобрување на корисничкото искуство,
- поефикасно управување со содржини,
- создавање дополнителни можности за промоција,
- појасна категоризација и подобра видливост на содржината.
Новиот каталог TS Media
TS Media е единствена дестинација за комплетна содржина произведена од Telekom Srbija и партнерските продуцентски куќи, организирана во јасни тематски единици за полесна навигација.
Со TS Media македонската публика ќе ужива во:
- Филмски и Сериски Хитови: Наслови како Убице мога оца, Јужни ветар, Недеља, Марш на Дрину, Скупљачи перја и многу други.
- Документарни емисии: Како, на пример, документарецот Неуспех првака.
- Детски програми: Како што е емисијата Баш супер клинци.
- Музички програми: Содржини од Саша Матиќ, Аца Лукас и многу други.
- Спортски содржини, подкасти (како Telcast) и едукативни формати.
Нашите корисници ќе добијат пристап до над 5.500 наслови и над 2.200 часа филмови, серии, документарци, музика и поткасти, а за најмладите – омилените детски емисии на TS, забава за целото семејство на едно место!
Технички напомени
- Гасењето на Superstar каталогот нема да влијае на корисничкото искуство – содржината ќе биде интегрирана во тематските каталози на TS Media.
- Каналите Superstar во живо продолжуваат да функционираат, но без посебен каталог.
- Промотивна понуда – бесплатно користење на каталогот TS Media за сите корисници до 31.12.2025 година.
Регионален бренд со глобален дострел
TS Media не само што ја претставува српската и регионалната продукција на најдобар начин, туку преку партнерства со компании како Amazon, HBO и Disney+, нејзината содржина веќе стигна до над 60 милиони гледачи на повеќе од 35 територии во светот.
Белград и TS Media годинава беа домаќини и на полуфиналното жирирање за престижната Emmy награда, што е дополнителна потврда на глобалната репутација.
Со оваа промена, МТЕЛ ја носи најдобрaта регионална продукција директно во вашите домови, на едно место – за сите генерации и вкусови.