mSAT TV Aвантура #1 и #2 – Крушево, Пелистер и Мариово

07.03.2022.
mSAT TV Aвантура #1 и #2 – Крушево, Пелистер и Мариово

Врзете ги појасите! Почна нашата mSAT TV авантура!

Заедно со нашите пријатели од Adventure тргнавме да го посетиме секој дел од Македонија, со цел да ве увериме дека mSAT TV е достапна буквално на секоја точка во Македонија, и дека сите можат да уживаат во одлична телевизија, било каде!

Ана и Мане се дуо авантуристи од Велес, чијашто пасија е да шетаат низ светот и да посетуваат тешко достапни места. Затоа сметавме дека се совршени партнери за нашата mSAT TV авантура.

Првата локација која ја посетија беше Крушево, градот популарно наречен олтарот на татковината во Македонија.

Пријатно изненадени од снегот, тие се пробија длабоко во Крушевската корија кадешто успеаа да направат одлични фотографии од околината, а и да уживаат во содржините што ги нуди mSAT TV. Овој викенд на „менито“ беше Добриот, Лошиот и Грдиот, со легендарниот Клинт Иствуд.
Следниот ден се разбудија во вистинска снежна бајка во Крушево, и нивниот најверен другар Арон беше главна ѕвезда на снегот.

Викендот по Крушево, mSAT TV авантурата продолжи во Пелагонија. Снежните услови им овозможија на нашите пријатели да направат преубави фотографии и снимки од нашиот најстар национален парк – Пелистер. Почнувајќи од Ротино, преку Tрново и Магарево стигнаа дури до ски центарот Копанки близу хотелот Молика.

Следниот ден тие го посетија и Прилепско Мариово, еден од најретко посетените и недостапни региони во Македонија. Беа во Крушејца, Чаниште па се до крајот на прилепско Мариово во село Витолиште. Таму, како да е не е зима воопшто. Ниту грам снег, разeленети површини и живописни песјажи.

Погледнате ја галеријата фотографии од mSAT TV авантурата и следете не на Instagram за повеќе информации!