МТЕЛ продолжува да ги изненадува корисниците на апликацијата mPLAY TV која ја добиваат бесплатно со секоја mSTART припејд картичка. Станува збор за серијата „Пад“, ново остварување во продукција на Телеком Србија кое ќе биде достапно за корисниците на mPLAY TV од 15 декември. Серијата „Пад“ е инспирирана од автобиографскиот бестселер на Жарко Лаушевиќ „Годината минува, денот никогаш“. Приказната започнува доцна вечерта на 30 јули 1993 година, во моментот кога двајцата браќа, Иван и Стојан, пристигнуваат во станот на роднината, недалеку од местото во Подгорица, каде штотуку се случил конфликт со трагични последици.
Приказната продолжува во истражниот затвор. Паралелно се запознаваме со односот помеѓу Иван и неговиот татко Никола, сериозен и рационален човек, со кој Иван има сложена врска уште од детството. Овие две приказни се комплицирани и понатаму се шират, од една страна фрлајќи светлина врз блескавиот живот на една од најголемите актерски ѕвезди во Југославија, но и на темната страна на деведесеттите, корумпираното судство, затворскиот полусвет.
Структурата на серијата е сложена. Ги следи затворските денови и судските постапки поврзани со случајот, додека од друга страна преку спомени и асоцијативни навраќања, дознаваме за најважните моменти од приватниот живот на нашиот херој Иван Маслаќ.
Серијатa изобилува со галерија од живописни ликови кои Иван ги среќава в затвор, крадци, криминалци, убијци, политички затвореници, атмосферата од деведесеттите во која беа доведени во прашање сите општествени и морални вредности, а ги опфаќа и клучните пресвртници во неговиот интимен живот, односот со неговите најблиски роднини, семејството, пријателите, сцените од судниците, односот кон славата, но и популарноста.
Авторската екипа ја сочинуваат сценаристите Бојан Вулетиќ и Петар Михајловиќ, директорот на фотографија Душан Јоксимовиќ, сценографот Аљоша Спаиќ и костимографот Драгица Лаушевиќ. Во главната улога се појавува Милан Мариќ, а во останатите улоги се Крешимир Микиќ, Изудин Бајровиќ, Славко Собин, Драган Маринковиќ, Милица Јаневски, Ангела Јовановиќ, Кемал Ризвановиќ и други. Режијата е на Бојан Вулетиќ.