Политика за приватност mplaytv

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Друштвото Arena Channels Group доо Белград, Милутина Миланковиќа 9а, матичен број: 20510293 собира лични податоци на физички лица кои ги обработува во согласност со Законот за заштита на личните податоци („Сл. весник на РСМ“ бр. 42/2020 и 249/2021)
Друштвото Arena Channels Group доо Белград ги обработува личните податоци во согласност со оваа Политика на приватност, а која се применува за сите услуги и производи на Arena Channels Group доо Белград кои вклучуваат обработка на лични податоци.
Оваа Политика на приватност на јасен, разбирлив и лесно достапен начин објаснува кои лични податоци ги собира и обработува Друштвото Arena Channels Group доо Белград како контролор на лични податоци (во понатамошниот текст: Arena Channels Group доо Белград):

Лични податоци
1. Arena Channels Group доо Белград од корисниците на услугите ги собира и обработува следните лични податоци: име и презиме, мобилен телефонски број, адреса на електронска пошта, број на кредитна картичка, геолокација.
2. Разговорите со корисничкиот сервис на Arena Channels Group доо Белград можат да се снимаат со цел докажување и извршување на правата и обврските на договорните страни од договорот, за што се известува корисникот и преку телефонскиот автомат пред започнување на разговорот.

Параметри за пристап
3. Arena Channels Group доо Белград, во зависност од видот на договорените услуги, на корисникот му доделува расположливи параметри за пристап: корисничко име, корисничка шифра или корисничка сметка. Параметрите за пристап се персонализирани, а корисничката шифра по правило не може да се менува од страна на корисникот и без знаење на Arena Channels Group доо Белград. Корисникот има опција, доколку ја заборавил лозинката, да поднесе повторно барање за измена на истата, и во тој случај преку смс-порака ќе му биде проследен нов број на код. Корисникот е должен да ја чува корисничката шифра во тајност.
4. Параметрите за пристап се доделуваат на користење, а Arena Channels Group доо Белград го задржува правото да ги измени без согласност на корисникот, со претходно известување на корисникот, со цел непречено користење на услугите, освен корисничката шифра (кога е неопходна согласност од корисникот), и тоа заради технички причини или заради усогласување со прописите.
5. Почнувајќи од активација на услугите, се смета дека сите дејства извршени преку параметрите за пристап биле извршени од страна на корисникот или со негова согласност, па корисникот е во целост одговорен за сите последици предизвикани од таквите дејства. Со тоа корисникот е должен да оневозможи нивно користење од страна на неовластени лица.

Начин на собирање на податоци
6. Податоците се собираат: директно од корисникот при логирање на апликацијата и / или автоматски, врз основа на користење на електронски комуникациски услуги од страна на корисникот, што се евидентира, односно регистрира во мрежата на системот на Arena Channels Group доо Белград, од јавно достапни извори и од други контролори, а врз основа на соодветен договорен однос.
7. При инсталирање на апликацијата и логирање на корисникот, корисникот се информира за обработката на неговите лични податоци, како и за можен пренос на неговите лични податоци во Република Србија, во согласност со Законот за заштита на личните податоци (Сл. весник на РСМ бр.42/2020 и 249/2020), при што корисникот дава своја согласност – го означува прозорчето пред изјавата дека се согласува со оваа Политика за приватност. .
8. Arena Channels Group доо Белград осигурува податоците да се обработуваат во Република Србија и на начин кој е во согласност со целта на обработка.

Начин на обработка
9. Arena Channels Group доо Белград обработува лични податоци за цели кои се конкретно одредени, изречни и оправдани. Arena Channels Group доо Белград при добивањето на податоци се придржува до принципот на минимален обем на податоци, па од лицата на кои се однесуваат податоците се собираат само оние податоци кои се неопходни за исполнување на целите за кои се обработуваат. Дополнителни лични податоци се добиваат и обработуваат, само врз основа на претходна согласност на лицето на кое се однесуваат податоците.

Цел на обработката
10. Податоците се собираат и обработуваат за следниве цели: подготовка и извршување услуги, пресметка и фактурирање на договорените услуги; одржување контакт и комуникација со корисникот; известување за услугите и промотивните акции од операторот; утврдување на идентитетот и легитимитетот на корисникот во функција на прием, обработка и реализација на дополнителни барања на корисникот.
11. Податоците за сообраќај се обработуваат за следниве цели: обезбедување електронски комуникациски услуги, извршување на договорните обврски, пресметка и фактурирање на договорните обврски.

Пристап до личните податоци
12. Пристап до личните податоци имаат само вработените во Arena Channels Group доо Белград, како и ангажираните соработници во согласност со дејствата кои ги извршуваат врз основа на претходно обезбедени технички, организациски и кадровски политики.
13. Лицето чии податоци се обработуваат има право на пристап и информации за обработката на сопствените лични податоци, повлекување на својата согласност, исправка и дополнување на личните податоци, право на ограничување на обработката и право на приговор за обработката, право на бришење на личните податоци, како и право да поднесат барање за прекршување на Законот за заштита на лични податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија, како и други права врз основа на законот
14. Личните податоци се достапни на трети лица само во следните случаи:
1. Ако постои законска обврска или изречно овластување врз основа на закон (барање на судот),
2. Ако за извршување на поединечни дејства е ангажирано трето лице, односно подизведувач (обработувач), а врз основа на договорен однос,
3. На поврзаните друштва на Arena Channels Group доо Белград под услов да постои правен основ за таков пренос (согласност или легитимен интерес),
4. Ако е потребно податоците да се проследат заради извршување договор
Начин на чување, тајност и заштита на податоци
15. Сите лични податоци Arena Channels Group доо Белград ги чува во хартиена и електронска форма.
16. Собраните лични податоци претставуваат деловна тајна.
17. Со цел заштита на личните податоци Arena Channels Group доо Белград спроведува организациски, технички и кадровски мерки предвидени со внатрешни акти на Arena Channels Group доо Белград.

Корисници на податоците
18. Arena Channels Group доо Белград е овластено личните податоци да ги проследи до својот основач, поврзаните трговски друштва, до своите вработени и работно или договорно ангажираните лица, како и до вработените и работно или договорно ангажираните лица на основачот и поврзаните правни лица, кои заради извршување на својата работа мора да обработува лични податоци во согласност со законот, на правосудните,, истражните,безбедносните органи и други државни органи (судови, обвинителство и др.) и носители на јавни овластувања, кои во согласност со прописите или заради вршење на свои овластувања, мораат да обработуваат лични податоци.
19. Arena Channels Group доо Белград е овластено личните податоци, со цел остварување на права од договорот, да ги проследи до адвокати, лица кои вршат наплата на побарувачката, судови, извршители, сразмерно со целта на обработката, во согласност со прописите и почитувајќи ги ограничувањата предвидени со прописите.
Правата на лицата на кои се однесуваат податоците
20. Корисниците, заинтересираните лица и другите лица на кои се однесуваат личните податоци, можат да ги остварат следниве права:
1. Право на пристап до личните податоци,
2. Право на исправка на личните податоци,
3. Право на ограничување на обработувањето,
4. Право на приговор,
5. Право на бришење (право да се биде заборавен)
6. Право на преносливост – сѐ во согласност со Законот за заштита на личните податоци
За заштита на своите права во врска со обработката на личните податоци, корисникот може да се обрати писмено на офицерот за заштита на личните податоци на МТЕЛ на електронска адреса: ozlp@mtel.mk
21. Сите барања треба да бидат читливо и уредно пополнети и потпишани.
22. По претходна координација со Arena Channels Group доо Белград, МТЕЛ ќе одговори на барањето без одложување, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на комплетно и исправно барање, а во случај кога е барањето комплексно, најдоцна во рок од 3 месеци, при што корисникот пред истекот на првиот месец, ќе биде информиран за продолжувањето на рокот за одговор на барањето, што е во согласност со Законот.
Колачиња за интернет страници и апликации
24. На нашиот сајт и апликација користиме колачиња.
25. Со користење на овој сајт или апликација, се согласувате да користите колачиња и други слични технологии.
26. Колаче е едноставна текстуална датотека која се чува во веб-пребарувачот додека корисникот прегледува некој веб-сајт.
27. Колачињата обично содржат име на сајтот од кој корисникот го посетува сајтот, и постоењето на колачиња генерира единствен број кој се користи за идентификација на пребарувачот за кој е потребна врска со сајтот.
28. Колачињата или другите слични технологии ги користиме за нашата веб-страница и апликација да функционираат побрзо и да се користат полесно, со цел оптимизација на содржината, како и за соодветно пласирање на рекламни пораки, во согласност со очекувањата и интересите на корисникот, со цел да се соберат статистики кои ни овозможуваат да разбереме како се користат веб-локациите (вклучувајќи услуги од нашата апликација) и со цел унапредување на функционалноста и содржината.
29. Колачињата се користат со цел да се идентификува пријавениот корисник, а со цел прикажување на релевантни информации кои одговараат на интересите на корисникот.
30. Доколку не прифатите колачињата да се постават во вашиот компјутер или мобилен телефон, тоа може да се конфигурира во веб-пребарувачот или во поставките на апликацијата на вашиот компјутер или мобилен телефон и можете да ги избришете колачињата кои се сместени во вашиот медиум за складирање. Повеќето веб-пребарувачи и апликации ги прифаќаат колачињата автоматски, но постои и опција да не се прифатат колачињата или да се избере опција за прикажување на предупредување пред колачињата да се складираат. Доколку не ги прифатите колачињата, функционалноста на апликацијата, интернет страницата или другите услуги на Arena Channels Group доо Белград може да бидат ограничени или непотполни, што може да доведе до нефункционалност на услугата.
31. Отстранувањето на колачињата е возможно преку промена на поставките во вашиот интернет прегледувач – internet browser (Internet Explorer, Firefox, Chrome, Opera итн.). Складираните колачиња можете да ги избришете од вашиот интернет прегледувач, со тоа што отстранувањето на поединечни колачиња може да доведе до намалена функционалност на интернет сајтот.
32. За да можете непречено да ги користите сите аспекти на mPLAY TV апликацијата, потребно е да овозможите користење на колачиња. Во секој момент, по завршувањето на користење на колачињата можете да ги избришете користејќи веќе вградени опции за бришење на колачињата од веб-пребарувачот. Бришењето на колачињата нема да влијае на претходно извршените сесии, ниту во било која смисла ќе влијаат негативно на нормалната функционалност на вашиот компјутер или мобилен уред.
33. Оваа Политика е составен дел на општите услови за обезбедување услуги.
34. Политиката е подложна на промени во согласност со регулаторните барања.
35. Arena Channels Group доо Белград се обврзува да ја прикаже ажурираната верзија на својот сајт како и апликацијата, со што се смета дека третите страни се известени за измените и содржините на истите со негово прифаќање.
Прифаќање и почеток на важноста на политиката за приватност
36. Со Вашата изјава дека сте согласни со оваа Политика за приватност, при регистрацијата како корисник на mPLAY TV апликацијата, потврдувате дека сте ја прочитале, разбрале и прифатиле горе опишаната обработка на лични податоци, како и дека сте согласни со пренос на Вашите лични податоци во Република Србија.
37. Оваа Политика за приватност може периодично да се ажурира, но така што достигнатото ниво на заштита на приватноста нема да се намали.
38. Оваа Политика за приватност се применува од 16.09.2022 година.

Mесто за вашите прашања

E-адреса

Испрати ни е-пошта на info@mtel.mk

Повик

Повикај 15010 и заштеди време

Социјални мрежи

Следи нè на Facebook, Youtube, LinkedIn и Instagram

Филијала

Посети ја нашата експозитура и дознај сè што те интересира