Регистрацијата на SIM картичката е задолжителна согласно со законските регулативи заради заштита на личните податоци и спречување злоупотреби. Со тоа, твојот број станува сигурен и поврзан со твојот идентитет.


скенирај го кодот за да продолжиш кон регистрација
РЕГИСТРИРАЈТЕ ЈА ВАШАТА СИМ ПРИПЕЈД КАРТИЧКА ОНЛАЈН
Регистрирајте ја вашата SIM картичка онлајн, без потреба од посета на продажен салон. Процесот е брз, сигурен и лесен за користење – достапен во неколку чекори, од кое било место и во време кое вам ви одговара. Следете ги упатствата подолу и завршете ја регистрацијата за само неколку минути.
СЛЕДЕТЕ ГИ СЛЕДНИТЕ ЧЕКОРИ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА:
ОТВОРЕТЕ ГО ЛИНКОТ ЗА ОНЛАЈН РЕГИСТРАЦИЈА ИЛИ СКЕНИРАЈТЕ QR КОД

ОДБЕРЕТЕ ЈАЗИК И КЛИНЕТЕ ПОТВРДИ
ПОДГОТВЕТЕ ЈА СИМ КАРТИЧКАТА ШТО СЕ НАОЃА ВО ПАКУВАЊЕТО
ПРИФАТЕТЕ ЈА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ И КЛИКНЕТЕ ПРОДОЛЖИ
ФОТОГРАФИРАЈТЕ ГО БАРКОДОТ НА КАРТИЧКАТА ИЛИ ВНЕСЕТЕ TЕЛЕФОНСКИ БРОЈ
Поставете го баркодот од СИМ картичката во означената рамка. Кликнете за фотографирање или притиснете Space на тастатурата. Во истиот процес, телефонскиот број може да се внесе и рачно
ФОТОГРАФИРАЊЕ НА ДОКУМЕНТ ЗА ЛИЧНА ИДЕНТИФИКАЦИЈА
Фотографирајте ја предната и задната страна од личната карта (или пасош). Потоа изберете го издавачот на Вашиот документ за идентификација и одберете тип на личен документ (лична карта/пасош)
ПОТВРДЕТЕ ГИ ИНФОРМАЦИИТЕ КОИ СЕ ПРЕВЗЕМЕНИ ОД ДОКУМЕНТОТ ЗА ЛИЧНА ИДЕНТИФИКАЦИЈА
SELFIE ЗА ПОТВРДА НА ИДЕНТИТЕТ

Зошто е потребна регистрација на SIM картичката?
Дали процесот на регистрација е безбеден?
Да, целосно! Регистрацијата се врши преку безбедна платформа, со почитување на сите стандарди за заштита на лични податоци и согласно Законот за електронски комуникации.
Колку време трае процесот на регистрација?
Процесот е брз и едноставен – обично трае помалку од 5 минути. Сè што ти треба е важечки личен документ и интернет конекција.
Дали можам да регистрирам SIM картичка за друго лице?
Не. Регистрацијата мора да се изврши лично, со сопствен документ за идентификација. Регистрација во име на друго лице не е дозволена.
ШТО АКО НАПРАВАМ ГРЕШКА ПРИ ВНЕС НА ПОДАТОЦИ ИЛИ РЕГИСТРАЦИЈАТА Е НЕУСПЕШНА?
Внесот на податоците го потврдуваат самите корисници. Најчесто процесот на регистрација е неуспешен кога фотографиите се заматени или нејасни, имаат отсјај или е детектирана неуспешна верификација на идентитет. Доколку имате повеќе неуспешни обиди обратете се на нашиот инфо маил info@mtel.mk или јавете се во нашиот контакт центар на броевите 15010 или +38973800010.
Дали можам да ја користам SIM картичката веднаш по регистрацијата?
Да! Откако ќе се заврши успешно процесот, SIM картичката е активна веднаш и подготвена за користење.