-Нашиот Контакт Центар работи 24/7.
Како можеме да ви помогнеме?
Искористете ја поддршката при користењето на нашите услуги.
1. Кое е работно време на вашиот контакт центар?
2. Како можам да воспоставам контакт со вашиот контакт центар?
Контактирањето со агентите во контакт центарот на МТЕЛ е овозможено со повикување на: 15010 или +38973800010 или преку електронска форма на info@mtel.mk
3.Каде се наоѓаат продажните салони на МТЕЛ?
Продажните салони на МТЕЛ може да ги погледнете на следниот линк:
4. Кои услуги ги нуди МТЕЛ:
МТЕЛ ги нуди следниве услуги: Припејд , Постпејд, Телевизија, Интернет и комбинирани услуги.
5. Дали договорот мора да биде на 24 месеци или може да биде и на пократок временски период?
Договор може да се склучи и на 12 месеци или како Договор без договорна обврска.
За попрецизни и дополнителни информации можете да се обратите во контакт центарот на 15010 или +38973800010 каде што нашите љубезнитe оператори ќе ве информираат за карактеристиките на нашите актуелни понуди.
6. Дали постои можност за пробен период за користење на услугите?
Засега ја немаме предвидено оваа можност.
7. Како можам да пријавам проблем со услугата или опремата?
– Доколку имате проблем со нашата услуга или опрема, можете да се обратите во контакт центарот со повик на 15010 или +38973800010, електронски, преку e-mail адресата info@mtel.mk или со посета во најблиското продажно место.
8. Како да платам сметка?
Сметката може да ја платите:
- Електронски преку нашата веб-страница Плаќање | Добредојдовте на mtel.mk,
- Во продажните директни и овластени партнерски салони на МТЕЛ Продажни места | Добредојдовте на mtel.mk,
- Банкарско плаќање
- Плаќање во пошта
1.Која е разликата помеѓу припејд и постпејд услугите?
- Припејд услуга е услуга која прво се плаќа, а потоа е активна. Моменталната понуда може да ја погледнете на Припејд тарифи | Добредојдовте на mtel.mk
- Постпејд услуга е услуга за која се плаќа месечна претплата по доставување на месечна сметка. Моменталната понуда може да ја погледнете на Поспејд тарифи | Добредојдовте на mtel.mk
2. Како да го регистрирам својот припејд број?
Припејд број можете да регистрирате со повик на бројот 15010 или +3897380010 во контакт центарот или со посета во нашите продажни салони Продажни места | Добредојдовте на mtel.mk
3. Ја ставив својата сим-картичка во нов телефон. Зошто немам мобилен интернет?
- За да користите интернет на вашиот нов уред, потребно е повторно да ги внесете APN параметрите. Детални насоки можете да добиете на Сервис и поддршка | Добредојдовте на mtel.mk
4. Дали може да го задржам истиот број во случај на оштетување, губење или кражба на сим-картичката?
- Да, со надомест од 200 денари можете да добиете нова картичка со задржување на истиот број.
- Во случај на кражба или губење на сим-картичката, Ве молиме веднаш да пријавите на 15010 или 38973800010 или со посета во најблискиот салон за да можеме да ја блокираме сим-картичката и да ве заштитиме од неовластено користење.
5. Дали постои период на важност на МТЕЛ сим-картичката?
Периодот на важење на сим-картичката изнесува 365 + 90 дена. Со секоe надополнување, периодот на важење се продолжува.
6. Дали може повторно да активирам истечена припејд картичка?
По истекот на важноста на картичката, во наредните 30 дена можете да дојдете во некој од нашите салони и да ја активирате картичката со надополнување кредит.
Услугата е достапна и преку Top Up | Добредојдовте на mtel.mk
Почетниот кредит на кратичката зависи од надополнувањето. Преостанатиот износ на кредитот од претходната картичка се поништува.
7.На кои начини можам да дополнам кредит?
– Со посета на:
Продажни места | Добредојдовте на mtel.mk
Овластени партнери | Добредојдовте на mtel.mk
– Со купување на скреч-картички од бензински пупми, киосци, продавници
– Со платежна картичка на нашата веб-страница Top Up | Добредојдовте на mtel.mk
8. Дали постојат дополнителни пакети за интернет/минути за мојот припејд пакет?
Понудата на дополнителните пакети можете да ја разгледате на Припејд тарифи | Добредојдовте на mtel.mk или со повик во контакт центарот на 15010 или 38973800010.
9. Каде да купите mSTART SIM - картичка?
– Вашата SIM-картичка можете да ја купите на продажните места на МТЕЛ во Скопје, Куманово и Штип, како и на повеќе од 500 продажни локации меѓу кои бензиските станици на Макпетрол, Пуцко петрол, М киосците, Рептил маркетите, како и каj овластени партнери ширум државата, во 18 градови низ Македонија.
10.Каде да купите ваучер за надополнување кредит?
Ваучер за надополнување можете да купите во некое од продажните места на МТЕЛ во Скопје, Куманово и Штип, како и на повеќе од 500 продажни локации меѓу кои бензиските станици на Макпетрол, Пуцко петрол, М киосците, Рептил маркетите, како и кај овластени партнери ширум државата, во 18 гладови низ Македонија.
11. Штотуку ја купив мојата mSTART Kalimera картичка. Како да ја активирам? (iOS/ Andorid)
Android
1 чекор
SIM картичката треба да се регистрира во системот MTEL (јави се на 15010).
2 чекор
Опцијата за Data Roaming треба да e вклучена.
3 чекор
Штом ќе се најавиш на мрежата во роаминг, провери дали ти е селектиран APN-от MTEL MK.
Settings – Connections – Mobile Networks – Access Point Names
4 чекор
Доколку не го гледаш APN-от, додај го!
Во Settings – Connections – Mobile Networks – Access Point Names, селектирај Add, па во полето Name внеси MTEL MK, а во APN внеси web.mtel.mk
iOS
1 чекор
SIM картичката треба да се регистрира во системот MTEL (јави се на 15010).
2 чекор
Опцијата за Data Roaming треба да e вклучена.
3 чекор
Штом ќе се најавиш на мрежата во роаминг, провери дали ти е селектиран APN-от MTEL MK.
Settings- Mobile Data- Mobile Data Networks
4 чекор
Доколку не го гледаш точниот APN, додај го!
Во Settings – Mobile Data- Mobile Data Network промени ги податоците, во полето Name внеси MTEL MK, а во APN внеси web.mtel.mk
1.Која е разликата помеѓу постпејд и припејд услугите?
- Постпејд услуга е услуга за која се плаќа месечна претплата по доставување на месечна сметка. Моменталната понуда, може да ја погледнете на Поспејд тарифи | Добредојдовте на mtel.mk
- Припејд услуга е услуга која прво се плаќа, а потоа е активна. Моменталната понуда, може да ја погледнете на Припејд тарифи | Добредојдовте на mtel.mk
2.Која е актуелната постпејд понуда?
Актуелната понуда може да ја разгледте на: Поспејд тарифи | Добредојдовте на mtel.mk
3. На кој начин можам да склучам нов договор
- Директно во продажните и партнерски продажни салони на МТЕЛ Продажни места | Добредојдовте на mtel.mk
- Со повик во контакт центарот на 15010 или 38973800010
- Со онлајн нарачка преку нашата страница Постпејд тарифи | Добредојдовте на mtel.mk со кликање на избраниот пакет
4.Кои документи ми се потребни за склучување постпејд договор?
- За да склучите постпејд договор потребна Ви е важечка лична карта или пасош (за физички лица)
- Тековна состојба од Централен регистар и извод од банка за последните 3 месеци (за правни лица)
5. Дали постојат дополнителни пакети за интернет/минути за мојот постпејд пакет?
Понудата на дополнителните пакети можете да ја разгледате на Постпејд тарифни додатоци | Добредојдовте на mtel.mk или со повик кон Контакт центар на 15010 или 38973800010.
6. Дали постои можност да купам само мобилен уред на рати?
Уред на рати може да се купи само со договор за постпејд тарифа, склучен на 24 месеци
7. Снемав интернет на телефонот по преминување државна граница, што треба да направам?
- Проверете ги APN подесувањата на Сервис и поддршка | Добредојдовте на mtel.mk
8. Како да го поврзам својот мобилен телефон на интернет?
Извршете подесување на APN, Сервис и поддршка | Добредојдовте на mtel.mk
Подесувања
- Мобилни мрежи
- Опции
- Активирај роаминг податоци
- IOS Apple – рестартирање на телефонот или вклучи/исклучи авионски режим
2. Android – Application: Access Point Name
Name: MTEL APN
APN: web.mtel.mk
Важна напомена во врска со “роаминг податоци”: Кај одредени смарт телефони најпрво мора да се активира опцијата “роаминг податоци”, ова нема да повлече дополнителни трошоци.
9. Колку се наплаќа услугата за повторно вклучување на број кој е исклучен поради долг ?
- Надомест за повторно вклучување во еден правец изнесува 190 денари.
- Надомест за повторно вклучување во два правци изнесува 290 денари
10. Дали можам да ја променам постпејд тарифата во тек на времетраење на договорната обврска?
Да, во тек на договорната обврска можете да преминете на постпејд тарифа со повисока месечна претплата од тарифата која сте ја одбрале за време на потпишување на договорот. По премин на тарифата со повисока месечна претплата, минимално користење на тарифата е 30 дена, по што можете да преминете повторно на иницијалната тарифа.
11.Дали можам да преминам на пониска тарифа од онаа која ја имам во тек на времетраење на договорната обврска?
Доколку во тек на времетраењето на договорната обврска преминете на тарифа со повисока месечна претплата, по истек на 30 дена користење на тарифата можете да преминете на тарифа со пониска месечна претплата, но не постои можност за преминување на тарифа со пониска месечна претплата од иницијалната која сте ја одбрале за време на потпишување на договорот.
12. Доколку ја променам тарифата, што се случува со преостанатиот сообраќај од претходната тарифа ?
Со промена на тарифата ви се доделува сообраќај од новата тарифа, додека преостаниот сообраќај од претходната тарифа се брише.
1. Што е mSAT TV?
mSAT TV е телевизија која овозможува прием на ТВ-канали директно преку сателит (DTH технологија).
DTH технологија (Direct To Home) овозможува дигитален сигнал со гарантиран висок квалитет на сликата и звукот.
2. Каква е опремата и дали ќе го промени изгледот на куќата или станот?
Опремата подразбира сателитски приемник со интегрирана m:SAT картичка и врвна сателитска антена со опрема, дизајнирана да ви пружи максимална функционалност со минимално користење на просторот во вашиот дом.
3. На колку ТВ уреди можам да гледам mSAT TV?
Максималниот број на СТБ-уреди што можете да ги користите со еден претплатнички договор е 4, односно услугата може да биде достапна на 4 ТВ уреди.
4. Како можам да ја користам услугата на повеќе ТВ-уреди?
Доволно е да поднесете барање во наше продажно место или преку контакт-центарот со повик на 15010 38973800010. За секој ТВ-уред ќе добиете посебен СТБ-уред (сет-топ бокс) што овозможува независно следење на програмата на секој ТВ-приемник.
5. Дали нудите промоција на месечната претплата?
Актуелната понуда на mSAT TV е достапна на: mSAT TV | Добредојдовте на mtel.mk
6. Како можам да активирам дополнителни канали?
Дополнителните канали можете да ги активирате со:
– повик во контакт центарот на 15010 или +38973800010
– преку електронска пошта на адреса info@mtel.mk
– посета на продажен салон
7. Колку се чека за инсталација?
По поднесување на барањето ќе бидете исконтактирани од техничка служба за договарање на сите детали.
8. Дали се наплаќа инсталација?
Доколку се одлучите за договорна обврска на 24 месеци, инсталацијата е бесплатна, односно 1 денар. За договорна обврска на 12 месеци или без договорна обврска инсталацијата се наплаќа согласно ценовник Документи | Добредојдовте на mtel.mk
9. Дали се наплаќа преместување на опремата?
Сите цени за дополнителни услуги може да ги погледнете на официјалниот Ценовник на МТЕЛ, на следниот линк: Документи | Добредојдовте на mtel.mk
10. Дали може да се земени СТБ-уредот или далечинскиот управувач доколку не работи?
Доколку имате проблем со опремата, доволно е да се обратите во нашиот контакт центар на 15010 или +38973800010 или да појдете во најблискиот продажен салон.
11. Која е лозинката за каналите за возрасни?
Лозинката за каналите за возрасни е 0000.
12. Што кога се појавува црн екран со известување нема сигнал?
Проверете го “source” на далечинскиот уред односно на кој HDMI или AV извор e конектиран STB уредот.
13. Како можете да додадете услуги доколку сте веќе корисник на mSAT TV?
Како корисник на mSAT TV можете да мигрирате во било која mBOX понуда. Да додадете мобилна телефонија и интернет во зависност од вашите потреби.
Се што е потребно е да се обратите на нашиот Контакт центар на 15010 или да се упатите во нашите продажни салони во Скопје, Куманово или Штип, како и салоните во мрежата на нашите овластени партнери.
1.Што е MOVE TV?
MOVE TV е ОТТ стриминг платформа за телевизија, радио и видео која нуди пристап до над 200 телевизиски канали, видеотека со повеќе од 10.000 филмови и серии, многубројни радио-канали и низа напредни помошни функции за следење на содржината.
2. Што вклучува MOVE телевизиската услуга?
- Гледање ТВ во реално време на содржините
- Слушање на радио-канали во реално време
- Бесплатна видеотека
- Временски одложено време на дадена ТВ содржина (Time-shift) до 7 дена наназад од емитувањето
- Паузирање и премотување на сите канали во понудата
3. На кaкви уреди може да се користи услугата?
Услугата може да се користи на следниве терминални уреди:
Таблет, смартфон и телевизор.
4. На колку уреди истовремено може да се користи услугата?
Корисникот може да се најави и да користи максимум 5 уреди во исто време, во зависност од избраниот пакет MOVE TV | Добредојдовте на mtel.mk
Овозможено е користење на 1 дополнителен ОТТ сет топ бокс.
5. Дали е потребен интернет за користење на услугата?
Услов е да имате стабилна интернет конекција од кој било оператор со минимална брзина од 20mbps.
6.Каде можам да нарачам MOVE ТВ ?
- Директно во продажните и партнерски продажни салони на Мтел Продажни места | Добредојдовте на mtel.mk
- Со повик кон контакт центарот на 15010 или 38973800010
- Онлајн нарачка преку нашата страница MOVE TV | Добредојдовте на mtel.mk со кликање на избраниот телевизиски пакет
7. Што содржи MOVE пакетот?
- MOVE Android Box
- Далечински управувач
- HDMI кабел
- Мрежен кабел
- Струен адаптер
- 2 Батерии
- Упатство за користење
8. Дали се наплаќа опремата?
Доколку склучите Договор на 24 месеци, опремата се дава на реверс и не се наплаќа. За договорна обврска на 12 месеци или без договорна обврска се наплаќа согласно ценовник Документи | Добредојдовте на mtel.mk
9. Кој ја врши инсталацијата?
Инсталацијата на MOVE услугата е брза и едноставна без потреба од техничка екипа. Ја врши самиот корисник согласно упатството приложено во самиот пакет.
10. Проблем со приказ на ТВ екран?
Потребно е MOVE уредот да биде конектиран со ТВ уредот само со оригиналниот HDMI кабел од самиот пакет.
11. Каква резолуција на каналите поддржува MOVE Android Box?
Поддржува канали со стандардна HD резолуција и SD резолуција. MOVE уредот поддржува и канали со 4К резолуција
12. Не можам да се најавам на MOVE апликацијата...
Доколку не успевате да се најавите на апликацијата, треба да се провери дали се точно внесени крединцијалите (корисничкото име и лозинката) или дали е инсталирана правилната апликација MOVE – Apps on Google Play
13. Зошто не може да се стартува апликацијата?
Потребно е да се провери интернет брзината преку користење на некоја онлајн-алатка на пример: speedtest.net или fast.com
Минимална интернет брзина потребна за стартување на апликацијата е 20 mbps.
14. Дали ќе има нови верзии на MOVE апликацијата?
Нови верзии на апликацијата ќе бидат достапни и автоматски инсталирани на соодветните уреди.
15. Дали можам да ја инсталирам MOVE апликацијата на Android TV box уред што не сум го купил од МТЕЛ?
– Апликацијата е достапна на MOVE – Apps on Google Play и може да се инсталира на било кој Android TV box, но за користење на истата потребна е лиценца која ја добивате согласно избраниот пакет со склучениот договор.
16. Дали можам да го користам Android TV box уредот на било која интернет врска во и надвор од државата?
– Да, уредот може да се користи на која било локација со интернет пристап, но MOVE за Android TV услугата со сите содржини може да се користи само на територија на Македонија.
17. Дали можам да се преплатам на дополнителен ТВ пакет?
– Понудата со дополнителни пакети е достапна и постојано ажурирана на MOVE TV | Добредојдовте на mtel.mk
18. Дали можам да ја инсталирам MOVE на LG Smart TV?
– MOVE TV е достапна за инсталација на LG Smart и може да се инсталира преку LG Content Store. Апликацијата е достапна за WEBOS 4.0, на моделите произведени од 2018 година наваму.
- WEE TV : webOSTV 23, webOSTV 5.0, webOSTV 7.0
- TV + Monitor TV: webOSTV 5
- TV: webOSTV 23, webOSTV 24, webOSTV 25, webOSTV 5.0, webOSTV 5, webOSTV 6.0, webOSTV 7.0
- Projector: webOSTV 6.0, webOSTV 7.0
- Monitor TV: webOSTV 23, webOSTV 24, webOSTV 7.0
19. Дали можам да ја инсталирам MOVE на Samsung Smart TV?
– MOVE TV е достапна за инсталација на Samsung Smart TV, на моделите произведени од 2019 година наваму. Доколку не сте сигурни која година е произведен вашиот Samsung Smart TV, проверката за утврдување на годината на производство е едноставна и можете да ја направите на samsung.com.
20. Дали можам да ја инсталирам MOVE на Hisense TV?
– MOVE TV е достапна за инсталација на Hisense TV со Vidaa Oперативен Систем.
21. Дали можам да ја инсталирам MOVE на AndroidTV (АTV)?
– MOVE TV е достапна за инсталација на AndroidTV (ATV) од верзија 9 и понови.
22. Дали можам да ја инсталирам MOVE на Amazon Fire TV Stick?
– MOVE TV е достапна за инсталација на Amazon Fire TV Stick од Gen2.
23. Дали можам да ја инсталирам MOVE на Android мобилен уред ?
– MOVE TV е достапна за инсталација на Android мобилен уред со верзија 7 или понова.
24. Дали можам да ја инсталирам MOVE на Аpple уред ?
– MOVE TV е достапна за инсталација на Apple уред со верзија iOS 15 или понова.
25. Дали можам да ја инсталирам MOVE на Huawei уред ?
– MOVE TV е достапна за инсталација на Huawei store app Gallery.
1. Каков интернет нудите?
МТЕЛ нуди супер брз 4G интернет без разлика дали Ви е потребен во Вашиот дом или надвор од него.
2. Дали можам да го користам на повеќе локации?
Секако дека можете. Станува збор за пренослив интернет без разлика дали Ви е потребен за урбана или рурална средина или пак често ја менувате локацијата.
3. Каква брзина нудите ?
Брзината е варијабилна зависно од местоположбата. Може да достигне и до 100mbps.
4. Колку интернет пакети нудите?
Актуелните интернет пакети во зависност од Вашите потреби може да ги разгледате на следниот линк Интернет пакети | Добредојдовте на mtel.mk
5. Дали имам дополнителни трошоци за опремата?
Доколку склучите Договор на 24 месеци, опремата се дава на реверс и не се наплаќа. За договорна обврска на 12 месеци или без договорна обврска се наплаќа согласно ценовник Документи | Добредојдовте на mtel.mk
6. Каде можам да нарачам интернeт?
- Директно во продажните и партнерски продажни салони на Мтел Продажни места | Добредојдовте на mtel.mk
- Со повик кон контакт центарот на 15010 или 38973800010
- Онлајн нарачка преку нашата страница MOVE TV | Добредојдовте на mtel.mk со кликање на избраниот телевизиски пакет
7. Кои документи ми се потебни за склучување на договор?
- За да склучите договор потребна Ви е важечка лична карта или пасош (за физички лица)
- Тековна состојба од Централен регистар и извод од банка за последните 3 месеци (за правни лица)
8. При вклучување на mifi уредот немам интернет, што треба да направам?
Проверете дали mifi уредот е правилно сетиран, односно дали APN параметрите се подесени правилно.
Подетално може да погледнете на следниот линк: Сервис и поддршка | Добредојдовте на mtel.mk
9. Што се случува ако на одередни периоди во текот на денот немам интернет конекција?
-Проверете дали е вклучено штедење на енергија,
– Проверете го опсегот на wifi
– Проверете ја местоположбата на mifi уредот (се работи за пренослив mifi уред, кој работи на 4G мрежа)
10. Како можам да пријавам проблем со mifi уред или интернет конекција?
– Доколку имате проблем со нашата услуга или опрема можете да се обратите во контакт центарот со повик кон 15010 или +38973800010, електронски преку e-mail адресата info@mtel.mk или со посета во најблиското продажно место.
1.Што содржи дуо пакетот?
Дуо пакетот содржи две услуги:
- сателитска телевизија и
- мобилен интернет
2.Дали нудите промоција на Дуо пакетите?
Актуелната понуда на Дуо пакетите е достапна на mBox Duo | Добредојдовте на mtel.mk
3. Дали се наплаќа инсталација на опрема и колку се чека за инсталација?
Доколку се одлучите за договорна обврска на 24 месеци, инсталацијата е бесплатна, односно 1 денар. За договорна обврска на 12 месеци или без договорна обврска инсталацијата се наплаќа согласно ценовник Документи | Добредојдовте на mtel.mk
4. Кои документи ми се потребни за склучување договор?
- За да склучите договор потребна Ви е важечка лична карта или пасош (за физички лица)
- Тековна состојба од Централен регистар и извод од банка за последните 3 месеци (за правни лица)
5. Како можам да нарачам од Дуо пакетите?
- Директно во продажните и партнерски продажни салони на МТЕЛ Продажни места | Добредојдовте на mtel.mk
- Со повик кон контакт центарот на 15010 или 38973800010
- Онлајн-нарачка преку нашата страница MOVE TV | Добредојдовте на mtel.mk со кликање на избраниот телевизиски пакет
6. Која е предноста на дуо пакетите?
Добивате две услуги, попуст на месечна претплата и бесплатен дополнителен СТБ приклучок.
Месечна пресметка на две услуги на една сметка.
1.Што содржи трио пакетот?
Трио пакетот содржи три услуги:
- сателитска телевизија,
- мобилен интернет и
- мобилна линија.
2. Дали нудите промоција на пакетите?
Актуелната понуда на Трио пакетите е достапна на mBox Trio | Добредојдовте на mtel.mk
3. Која е предноста на трио пакетите?
Добивате три услуги, попуст на месечна претплата и бесплатен дополнителен СТБ приклучок.
Секое додавање на дополнителна постпејд линија е со намалување на 10%.
Субвенција за мобилен уред.
Месечна пресметка на три услуги на една сметка.
Вооедно добивате и бесплатен пристап до апликациите mplayTV и Balkan Myusic
4. Дали се наплаќа инсталација на опрема и колку се чека за инсталација?
Доколку се одлучите за договорна обврска на 24 месеци, инсталацијата е бесплатна, односно 1 денар. За договорна обврска на 12 месеци или без договорна обврска инсталацијата се наплаќа согласно ценовник Документи | Добредојдовте на mtel.mk
5.Како можам да нарачам од Трио пакетите?
- Директно во продажните и партнерски продажни салони на Мтел Продажни места | Добредојдовте на mtel.mk
- Со повик кон контакт центарот на 15010 или 38973800010
- Онлајн нарачка преку нашата страница MOVE TV | Добредојдовте на mtel.mk со кликање на избраниот телевизиски пакет