Скопје, 21 април 2026 – Во Mtel континуирано работиме на унапредување на нашите услуги, а најновиот чекор во таа насока е редизајнот на сегментот „Мој ТВ“ во рамки на MOVE платформата.
Со новото „Мој ТВ“, овозможуваме поедноставно, побрзо и поинтуитивно корисничко искуство, креирано според реалните навики и потреби на нашите корисници. Преку модерен интерфејс и подобрена навигација, го олеснуваме пристапот до ТВ и радио каналите, како и до персонализираните препораки.
Редизајнот го базиравме на неколку клучни принципи:
- Поинтуитивен интерфејс – овозможуваме побрз пристап до содржината, со минимален број чекори.
- Јасна и логична организација на содржините – за полесно откривање на омилените и новите содржини.
- Поголем фокус на ТВ програмата – со визуелно истакнати сегменти кои ја доближуваат програмската шема до корисниците.
- Подобра видливост на каналите – со цел побогато и поквалитетно ТВ искуство.
Важно е да нагласиме дека ова унапредување не носи промени во содржините или функционалностите на кои корисниците се веќе навикнати – тие остануваат исти, но сега се прикажани на поорганизиран и попрегледен начин.
Во Mtel остануваме посветени на создавање современи дигитални искуства и услуги кои го прават секојдневието поедноставно, побрзо и попријатно — за нашите корисници секогаш да бидат чекор поблиску до содржината што ја сакаат.