Онлајн идентификација за припејд броеви – Иднината е тука, со МТЕЛ!

22.07.2025.
Онлајн идентификација за припејд броеви – Иднината е тука, со МТЕЛ!

Во време кога брзината, удобноста и безбедноста се приоритети, МТЕЛ Македонија го прави следниот чекор во дигиталната трансформација – воведува целосно онлајн идентификација за регистрација на припејд SIM картички!

Што значи ова за тебе?

Сега можеш без посета на продажен салон, само со твојот мобилен телефон и интернет конекција, да го регистрираш својот припејд број – каде и да си, кога и да сакаш. Брзо, едноставно и сигурно.

Како функционира процесот?

Процесот на онлајн регистрација е интуитивен и завршува за неколку минути:

  1. Скенирање на припејд картичката
  2. Скенирање на лична карта или пасош
  3. Фотографирање на лице за потврда на идентитет
  4. Автоматска потврда и активирање на SIM картичката

По завршување на овие чекори, твојот број е веднаш активен и подготвен за користење!

Безбедност на прво место

Онлајн идентификацијата се спроведува преку Blinking – водечко решение за дигитална верификација, кое гарантира високо ниво на заштита на личните податоци и безбедност на секој чекор.

Зошто ова е важно?

Овој новитет овозможува:

  • Заштеда на време
  • Пристапност до услугата од било каде
  • Безбедна и транспарентна верификација
  • Поголема флексибилност, особено за корисници надвор од урбаните центри.

Со овој чекор, МТЕЛ ја отвора новата ера на дигитални услуги во телекомуникациите, во согласност со глобалните стандарди и искуствата на Телеком Србија групацијата.

Регистрирај се онлајн сега!

➡️ Повеќе информации на mtel.mk/registracija  или јави се на 15010

 

ПРЕГЛЕД НА ПРИВАТНОСТА

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб-страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата ги сметате за најинтересни и корисни.