Опуштено и онлајн во Грција со mSTART Kalimera!

30.06.2023.
Опуштено и онлајн во Грција со mSTART Kalimera!

Веќе нема потреба да бидете недостапни додека сте на плажа во Грција. Или пак, постојано да сте во потрага по силен и квалитетен wi-fi за да се поврзете со вашите најблиски. Ова лето, МТЕЛ започнува со својата супер понуда наменета за сите што планираат да го поминат летниот одмор во Грција и да бидат постојано онлајн и опуштени.

Со mSTART Kalimera! припејд картичката на МТЕЛ добивате 4 гигабајти интернет за 30 дена во роаминг во Грција, за само 499 денари.
Купете ја вашата mSTART Kalimera! припејд картичка во продажните салони на МТЕЛ во Скопје и Куманово, на продажните места на нашите овластени партнери ширум државата, на бензинските пумпи на Макпетрол како и на специјалното продажно место на граничниот премин Богородица. За повеќе инфо, контактирајте нè на 15010 или посетете нè на https://mtel.mk/

Ова лето, опуштено споделувајте ги вашите летни доживувања во Грција со најблиските.