МТЕЛ ја лансираше својата стриминг-платформа MOVE TV

01.11.2023.
МТЕЛ ја лансираше својата стриминг-платформа MOVE TV

Како дел од заложбата за постојано надградување и понуда на нови производи и услуги за корисниците, МТЕЛ ја претстави својата најнова стриминг-платформа МОVE TV.

Станува збор за ОТТ стриминг-платформа за телевизија, радио и видео on demand. МОVE TV нуди пристап до над 200 телевизиски канали, видеотека со над 10 000 филмови и серии (меѓу кои се и хит-насловите во продукција на Телеком Србија), како и можност за слушање на најдобрите домашни и регионални радио-станици. МОVE TV може да се користи на телевизиски уред (обичен со MOVE Android Box или смарт телевизор), на телефон и таблет.

Една од главните придобивки за корисниците е можноста за паузирање и премотување на телевизиските содржини во реално време, до 7 дена наназад. Освен тоа, со МОVE Android Box секој телевизиски уред станува паметен, а МOVE TV може да се користи на 5 уреди истовремено во зависност од избраниот пакет (можност за користење 1 дополнителен TВ BOX).

МОVE TV e динамична и практична стриминг-платформа што значи дека лесно може да се пренесува и да се користи на која било локација во Македонија. Исто така, корисниците имаат можност да уживаат во низа напредни функции и опции за лесно и непречено следење на содржините кои постојано ќе се обновуваат и зголемуваат.

МОVE TV нуди вистинско изобилство од најгледаните регионални и светски телевизиски канали, па така корисниците имаат пристап до Superstar, Arena Sport, Arena Premium, Eurosport, Pink, RTS, Прва, Hype, Informer TV, RTL, К1, HBO, National Geographic, Disney Channel, CNN… Во видеотеката на МОVE TV можат да се најдат легендарни и актуелни филмови и серии од светските продукции, но и хит-сериите и филмовите на најквалитетната регионална продукција на Телеком Србија. Корисниците ќе имаат ексклузивен пристап до многубројни познати наслови меѓу кои се: Клан, Златно момче, Убијците на мојот татко, Тајкун, Прошетка со лавот, Беса, Црна Свадба и други. Преку МОVE TV ќе може да се слушаат и радио-фреквенциите на Radio S1, Radio S2, Rock radio (Pink), Pink Radio (Pink), Radio Beograd 1, Naxi radio, Radio Karolina, TDI Radio и многу други.

Доколку сакате да добиете повеќе информации за МОVE TV, слободно контактирајте го контакт-центарот на МТЕЛ на 15010 или нарачајте на овој линк.