ТВ серија – 12 Зборови

04.03.2022.
ТВ серија - 12 Зборови

Ексклузивно на mSAT TV
Жанр: трилер, драма

Младиот адвокат со проблематично минато, Милош Ивановиќ, се вработува во канцеларијата на познат белградски адвокат.

За време на студиите по право, Милош запаѓа во неволја и поради тоа не добива лесно лиценца да се бави со адвокатура. Меѓутоа, адвокатот Томислав Грубор му ја отвара на Милош вратата на голема, позната адвокатска канцеларија. Грубор ја застапува криминалната организација на чиешто чело се наоѓа Жарко Чечерина, кој е под истрага.

Во отсуство на други можности, откако ќе му ги блокираат сите сметки, Чечерина одлучува да продолжи да го води својот бизнис со помош на криптовалути. Соочен со лична криза и со структурите на моќ, Милош ќе мора да избере помеѓу лојалноста и правдата…

Еден од главните женски ликови е и Даница Влаховиќ. Нејзиниот сопруг Немања Влаховиќ, сметководител и финансиски советник на Жарко Чечерина, е принуден да побегне во Србија. Дел од заплетот ја следи Даница која останува сама со децата во Црна Гора, ги решава новонастанатите проблеми и се обидува да му помогне на својот сопруг којшто е во неволја.

Сценарио: Марко Милосављевиќ, Немања Николиќ, Маријана Чулиќ, Стеван Спасиќ, Марија Цветковиќ, Јелена Столица

Режија: Јелена Столица

Улоги: Тихомир Станиќ, Виктор Савиќ, Ивана Вуковиќ