ТВ серија – Долг кон морето

01.03.2022.
ТВ серија - Долг кон морето

Ексклузивно на mSAT TV
Жанр: драма, трилер

Серијата има елементи на комбинација од трилер, драма и митски елементи и претставува топла човечка приказна за родителството и бескрајната љубов на таткото кон ќерката и на сестрата кон братот, како и приказна за жртвите што тие се подготвени да ги направат.

На самиот влез на Которскиот Залив се наоѓа Фортика, тврдина која некогаш служела за царина или карантин, кога античките бродови впловувале во заливот. Во Фортика најчесто се царинела сол. Нејзината географска положба била значајна во деведесеттите години на 20 век, а злите јазици велат дека главниот лик на приказната Периша така и се збогатил.

Периша има угостителски објект, ќерка Олга која сам ја одгледува и која одбива да се врати на студиите во Белград и сопруга Светлана која исчезна под мистериозни околности. Периша има и долг кон Милутин, локалец познат како Ѕвер. Тој живее со нив на истото приморско место, а неговата приказна е испреплетена со ликовите и семејни и мрачни тајни, привиденија, словенски богови и легенди. Легендата вели дека морето секоја година го зема својот долг – седум луѓе, седум жртви на она што е почеток и крај на сѐ, извор на живот и опстанок.

Сценарио: Стеван Копривица, Maja Toдоровиќ, Милица Константиновиќ, Хајдана Балетиќ, Горан Гајиќ, Александар Радуновиќ, Бојана Маљевиќ

Режија: Горчин Стојановиќ, Горан Гајиќ

Улоги: Драган Миќановиќ, Нада Шаргин, Ана Лечиќ, Вуле Марковиќ, Леон Лучев, Весна Тривалиќ, Миливоје Обрадовиќ, Бојана Маљевиќ, Сергеј Трифуновиќ