TВ серија – Долг кон морето 2

01.03.2022.
TВ серија - Долг кон морето 2

Екслузивно на mSAT TV

Носител на главниот заплет во сезона 2 е Олга. Околу неа се плетат дејствијата, се откриваат тајните, се развиваат мистични елементи и се изнаоѓаат рационални решенија. Таа е иницијатор на дејствијата и промените и е родена предодредена да го промени светот или за разлика од родителите, ќе успее да се промени себеси. На патот кон нејзината повисока цел, преку непријатни ситуации ја следиме и приказната за два ѓердана и еден камен.

Олга го враќа ѓерданот на Рњo, на којашто и му припаѓа. Два ѓердана заедно со еден камен ќе решат дел од мистеријата, а луѓето ќе се обидат врските и животите да ги постават на вистински начин.

Во новите епизоди дознаваме кој е таткото на Рњo и зошто мајка му се самоубила, каква вина носи Анѓа 15 години и каква жртва ќе треба да направи, како Ренко одлучува да порасне, како Поп добива шанса за нов живот, дали Јелена ќе ја издржи затворската казна наместо Светлана и дали ќе продолжи да биде жртва на сопругот Момо.

Исто така, ја следиме приказната зошто Светлана мисли дека сѐ е поврзано, што ѝ открива Професорот на Олга и каква е моќта на двата ѓердана и на каменот, тајната поради којашто е убиен сопругот на Маришка, Микан, во кои верзии на легендата веруваат мештаните и кого ќе извлече Бота од морето.