TВ серија – Државен службеник 2

01.03.2022.
TВ серија - Државен службеник 2

Eксклузивно на mSAT TV
Жанр: драма, криминалистика, трилер

„Државен службеник“ е возбудлива приказна за агентите на Безбедносно-информативната агенција кои далеку од очите на јавноста секојдневно ги отстрануваат најопасните закани за Србија и водат борба во лавиринтот од домашни и странски интриги. Главниот лик е Лазар, млад агент во подем кој се обидува да најде рамнотежа помеѓу семејниот и деловниот живот. Кога над Србија ќе надвисне голема опасност и кога веќе не знае дали има на кого да се потпре, Лазар сфаќа дека ќе мора да направи голема жртва и да ги заобиколи правилата за да ги спаси своите сограѓани, своето семејство, но и самиот себе.

Сценарист: Димитрије Војнов, Владимир Кецмановиќ, Сташа Бајац

Режисер: Мирослав Лекиќ, Иван Живковиќ, Предраг Гага Антонијевиќ

Улоги: Милан Мариќ, Небојша Дугалиќ, Жарко Лаушевиќ, Ненад Јездиќ, Радован Вујовиќ, Марта Бјелица, Љубомир Булајиќ, Ваја Дујовиќ, Нина Нешковиќ, Соња Колачариќ, Марко Божиќ