TВ серија – Државен службеник

01.03.2022.
TВ серија - Државен службеник

Eксклузивно на mSAT TV
Жанр: драма, криминалистика, трилер

Во Србија се распишани вонредни парламентарни избори и се зајакнува активноста на странските сили. Милојевиќ се обидува да ги држи работите под контрола, иако многумина му работат зад грб, па дури и неговите најблиски соработници. Во предизборната кампања со руска помош се активира Српскиот патриотски сојуз на чело со Смиљан Вучетиќ кој уште долго нема да сфати дека ненадејниот подем на неговата партија е дел од опасен план во кој е загрозена безбедноста на земјата. Во исто време, под сомнителни околности умираат поранешни регионални раководители на службата и на мета се таткото на Бакрач и таткото на Милојевиќ. Бакрач поминува низ големи животни пресврти кои влијаат врз неговата проникливост и одлучувањето во бизнисот. На почетокот на приказната, Лазар повеќе не е во Службата, тој се бори со сопствените демони и предавството на сопругата, но како што ситуацијата се влошува, тој ќе мора да ја преземе контролата. Во приказната полна со пресврти, сензационална акција, но и неочекувани жртви, најважно е само едно – безбедноста на државата без оглед на цената.

Сценарист: Димитрије Војнов, Владимир Кецмановиќ, Сташа Бајац

Режисер: Мирослав Лекиќ, Иван Живковиќ, Предраг Гага Антонијевиќ

Улоги: Милан Мариќ, Небојша Дугалиќ, Жарко Лаушевиќ, Ненад Јездиќ, Радован Вујовиќ, Марта Бјелица, Љубомир Булајиќ, Ваја Дујовиќ, Нина Нешковиќ, Соња Колачариќ, Марко Божиќ