ТВ серија – Дрим тим

28.02.2022.
ТВ серија - Дрим тим

Ексклузивно на mSAT TV
Жанр: комедија

Серијата зборува за не многу успешниот фудбалер Илија Ики Срдиќ и фудбалскиот тим кој самиот го составил од своите единаесет сина!

Оваа приказна делумно се заснова на непроверената биографија на ѕвездата Марадона, познатиот Ингет. Колку и да се мразат и караат, членовите на семејството на Ики се врзани со силни љубовни врски. Столбот на раздорот, но и на љубовта и спокојот е главниот лик Ика Срдиќ.

Секоја епизода е приказна за себе, а централната нишка што ги поврзува сите епизоди е напредокот на семејниот клуб на Ика на фудбалската мапа на Србија и регионот. Булбудерац се наоѓа во Звездарската шума, има и: мал терен, куќарка во којашто сите живеат заедно; вкупно 20 луѓе, дотраена кафеана со градина, скара. Клубот главно се издржува од оваа кафеана. Ова изолирано место во шумата е главното место на сите приказни: најголемиот дел од нив се одвиваат на и околу теренот, кафеаната, соблекувалните, куќарката.

Булбудерац игра на зонски натпревар, но со голема амбиција еден ден да влезе во Втора лига, па во Прва, па дури и во Лига на шампиони. Незадоволен од својата неуспешна фудбалска кариера, Ика со голема страст ги учи своите синови да станат врвни фудбалери. Тој формира фудбалски тим и сосема неочекувано, на општо изненадување на сите, се пласира во финалето на Купот на Србија.

Покрај напредокот на тимот Булбудерац, под фудбалските мотиви се крие и романтична сага за надежите, желбите и идеалите на обичните, поедноставни луѓе.

 

Сценарио: Милош Радовиќ

Режија: Дејан Зечевиќ

Улоги: Лазар Ристовски, Татјана Шојиќ, Момчило Пиќуриќ, Теодора Ристовски, Mилош Мацура