TВ серија – Државна работа

28.02.2022.
TВ серија - Државна работа

Жанр: комедија

Основата на серијата се сатиричните разговори меѓу тројца актери, коментари кои потсетуваат на формата „Стенд ап“. Станува збор за кратки, духовити коментари и забелешки од областа на секојдневието, околностите, друштвено-политичката ситуација, спортот, светот на забавата, нивните лични ставови за различни теми. Главната идеја е да се прикаже работниот ден во едно непостоечко јавно претпријатие и размислувањата на тројца вработени за секојдневните случки во таквото претпријатие, но и за животот и општеството воопшто. Темите ги црпат од дневниот и неделниот печат, од различни блогови, сајтови, разговори за филмови, серии, емисии – радио и телевизија. Идејата е актерите на духовит начин да ги коментираат актуелните настани, да ги насмеат гледачите и да ги поттикнат на размислување. Автори и глумци во серијата „Државна работа“ се Никола Шкориќ, Димитрије Бањац и Дејан Ќирјаковиќ, режисер е Стојче Столески, а уредник: Соња Кокотовиќ.

Сценарио: Димитрије Бањац, Никола Шкориќ, Дејан Ќирјаковиќ, Младен Урдаревиќ

Режија: Стојче Столески

Улоги: Димитрије Бањац, Никола Шкориќ, Дејан Ќирјаковиќ