500-ти претплатник на mSAT TV во Македонија

29.12.2021.
500-ти претплатник на mSAT TV во Македонија

За само еден месец од официјалното отпочнување со работа, МТЕЛ го одбележа својот 500-ти претплатник на сателитската телевизија mSAT TV.

Семејството Цуциќ од Чучер-Сандево се среќните корисници, кои освен одличната промотивна понуда со 50 % намалена претплата во првите 12 месеци, добија и посебно изненадување – извршниот директор на МТЕЛ господинот Марко Лопичиќ ги награди со аудиосистем, со кој ќе можат уште повеќе да уживаат во содржините што mSAT TV ексклузивно ги нуди на македонскиот пазар.