TВ серија – Беса 2

04.03.2022.
TВ серија - Беса 2

Eкслузивно на mSAT TV
Жанр: драма, трилер

Заплетот во втората сезона зборува за настаните што следат две години подоцна. Урош, Марија и Видан живеат како заштитени сведоци на северот на Европа и немаат никаков контакт со Уна. За бебето се грижи Уна, која одлучи да остане да живее во Белград со Лука. Не сакаат да знаат дали детето е на Лука или биолошкиот татко е еден од силувачите. Петрит ужива во благодатите од успехот што го постигна по апсењето на Дардан. Дритон помина низа операции кои му овозможија повторно да зборува. Тој живее во Италија. По смртта на Скендер, се враќа на Балканот да го преземе бизнисот на својот татко. Во тоа му помага братот на Хашим, Љах, кој дојде да се искупи за гревовите на својот брат, но и за да се одмазди. За почеток, Љах како завет за лојалност му дава информации за Урош Периќ и неговото семејство. Луѓето на Дритон вршат атентат врз семејството Периќ. Урош е единствениот преживеан од атентатот. По тешка кома, тој сепак закрепнува и излегува од болница. Петрит се враќа на Балканот по истрагата за атентатот врз семејството Периќ, со што се нарушува неговата дотогаш идилична врска со сопругата Вера.

Сценарио: Тони Џордан, Младен Матичевиќ, Игор Стоименов, Вук Ршумовиќ, Душан Булиќ

Режисер: Игор Стоименов, Никола Љуца, Милан Тодоровиќ

Актери: Радивоје Буквиќ, Арбен Бајрактарај, Милош Тимотијевиќ, Лана Бариќ