mSAT TV авантура #4 – Kуклица, Скопска Црна Гора и Матка

23.03.2022.
mSAT TV авантура #4 - Kуклица, Скопска Црна Гора и Матка

Оваа недела, дури 3 локации за нашите авантуристи! Во текот на еден викенд тие успеаа да посетат 3 места на северот на нашата татковина и тоа – Матка и Скопска Црна Гора во Скопје, како и еродираната речна тераса – Камените Кукли во село Куклица.

Првиот ден тие го посетија градот Кратово и Камените Кукли, кадешто ги пречека убаво време и една од најинтересните глетки во Македонија, камења во еродираната речна тераса на Крива река којашто се создавала во текот на милиони години. Oва место изобилува со многу локални легенди за настанокот на самите „кукли“.

Следниот ден, појдоа на Скопска Црна Гора, конкретно над селото Глуво, кадешто уживаа во една новосоздадена атракција – знакот Gluvowood! По ова отидоа на Матка, една од најживописните, најпосетуваните како и најинстаграмираните локации во Македонија. Тука уживаа со попладневно кафе, кадешто се забавуваа со музика на бројните музички канали од понудата на mSAT TV.

Помина уште една mSAT TV авантура, драги пријатели. Следете нѐ на Инстаграм за повеќе информации за нашата mSAT TV авантура.