ТВ серија – Тајната на виновата лоза 2

28.03.2022.
ТВ серија - Тајната на виновата лоза 2

Екслузивно на mSAT TV
Жанр: Драма

Провокативната семејна приказна за виното и љубовта продолжува. Вук не е на домашен терен, а за северот го врзува империјата која ја изгради, Јелена од којашто не е официјално разведен, и нивната заедничка грижа за ќерката Ања која патува по светот, како да сака да побегне од нив… Ружа која и понатаму прави се што може за да го задржи семејството, Зоран, кој сака да направи ново вино, го губи чувствотот за занетот кој најмногу го сака, а годините алкохолизам доаѓаат да наплатат, па не е во состојба да воспостави здрав однос со жената и синот… И секако, Вера, која приметува дека Вук не го држи место и сеуште нема раскрстено со своето минато.

Вук беше клучна личност во водењето на винаријата Томовиќ. Сега го нема и прашање е дали винаријата ќе опстои. Се појавуваат конкуретни кои сакаат да ја откупат винаријата и да ја уништат. Вера, паралелно, почнува истрага за нејзините родители кои ги изгубила како мала, што подоцна ќе биде од пресудно значење за самото производство на „Теодора“… На север, над домот на семејството Томовиќ, се појавува нова моќна и мистериозна фигура, некогашниот штитеник на Радуле, а сега светски успешен бизнисмен кој, после многу години, се враќа од Германија во свето родно место – Коста. Тој доаѓа со својата жена Теа, позната музичка продуцентка, која го зема Иван под свое крило и му помага во градење на кариерата.

Кој е Коста, мистериозна личност, контраверзен бизнисмен, филантроп, како што се претставува, или злокобник, како што Вук мисли? Љубовта на Вера и Вук е ставена на најголемиот тест до сега. Тие ќе мора да покажат дека се најсилни кога им е најтешко, бидејќи влогот овој пат не е само нивниот однос, туку целото семејство, како и виното за коешто се бореа во изминатите години…Во виното е вистината…дали е?

Режија: Марко Глушиќ, Дејан Караклајиќ, Ана Мариа Роси, Горчин Стојановиќ

Сценарио: Милица Недељковиќ, Данило Браковчевиќ, Сара Радојковиќ, Дејан Прќиќ, Давид Јаковлевиќ

Улоги: Лука Грбиќ, Миодраг Кривокапиќ, Марко Василевиќ, Вања Ненадиќ, Сена Џоровиќ, Милица Зариќ, Слобода Мичаловиќ, Војин Ќетковиќ