mSAT TV Авантура #6 – Oхрид и Зовиќ

05.04.2022.
mSAT TV Авантура #6 - Oхрид и Зовиќ

Иако времето не беше на нивна страна, нашите храбри авантуристи сепак направија одлична mSAT TV авантура и овој викенд! Локации за авантурата со број 6 беа легендарното село Зовиќ во битолско Мариово како и Охрид.

На патот кон Зовиќ, тие застанaа во две од најубавите села во Македонија – Маково и Рапеш во битолско Мариово. Покрај спектакуларните песјажи на самите места, овие села имаат и голема историска вредност за регионот Мариово. Уште еден интересен факт е дека oва се селата во коишто се снимаше легендарната турска серија – Збогум Румелија.

А Зовиќ, прекрасно како и секогаш. Ана и Мане се сместија, го сликаа легендарниот камен мост кадешто е снимен Пред Дожд. Па со цел да го одбележат денот на филмски начин гледаа маратон со Чарлс Бронсон и неговите легендарни филмови – Смртоносна Желба.

Неделата се упатија кон Охрид, кадешто секако беа на повеќе прекрасни локации. Прво се качија кон Галичица, кадешто беа оневозможени да стигнат до повисоките места од снег и големи одрони на патот. Но тоа не ги спречи да направат прекрасни фотографии. По ова се упатија кон Свети Наум, кадешто имаа прекрасна прошетка по дождот.

Следете нѐ на Инстаграм за повеќе информации и следните локации на нашата mSAT TV авантура. Разгледајте ja галеријата од авантурата број 6.