После 2 месеци прекрасно дружење, заврши нашата mSAT TV аванутра! Нашите пријатели од Adventure.mk овој викенд отидоа на Кожуф планина, овој пат како последна локација од mSAT TV авантурата, којашто ја направивме за да докажеме дека mSAT TV e најдостапната телевизија во Македонија.
Тргнаа кон Кожуф, кадешто на голем дел од местата ги пречека вистинска зима, и поради голем снег беа оневозможени да отидат до скијачките терени. Но тоа не ги одврати од авантурата. Поставија камп на пониска надморска висина, Арон си играше наоколу како и секогаш! Уживаа во одлични содржини за последен пат на оваа наша авантура.
Утрината, се спуштија кон Дојранското езеро, како и езерото Паљурци, кадешто снимија и сликаа прекрасни пејсажи. На враќање кон Велес, беа и во винаријата Лазар – кадешто и го објавија нашето големо изненадување – Giveaway на викенд за двајца со највкусното ручек мени!
Погледнете ги фотографиите од последната mSAT TV авантура и следете не на Instagram за повеќе информации. Следуваат одлични новости наскоро! Повеќе информации за нашито giveaway тука.