mSAT TV ја збогатува својата понуда, Bloomberg Adria и Tring каналите отсега достапни

15.07.2022.
mSAT TV ја збогатува својата понуда, Bloomberg Adria и Tring каналите отсега достапни

Разновидната понуда на телевизиски канали и содржини на сателитската телевизија на МТЕЛ, mSAT TV станувa побогата за нови шест телевизиски канали.

Постојните и нови корисници отсега ќе може да уживаат во содржините на Bloomberg Adria, новата информативна телевизија која што на гледачите им ги презентира најновите ексклузивни вести за бизнисот, информации поврзани со светската економија, но и последните новости поврзани со регионот

Нови возбудливи содржини за љубителите на квалитетната телевизиска продукција на корисниците на Plus и Max пакетите на MSat TV им носат други пет канали HGTV, и канали на албански јазик – Tring Tring, Tring Action, Tring Comedy, Vizion Plus.

 

Промотивна понуда се уште важи – 12 месеци 50 отсто помала претплата, три месеци сите вклучени канали и само еден денар за приклучок.