Нова ера на Арена – Премиер лига на Арена Спорт каналите на mSAT TV

14.07.2022.
Нова ера на Арена – Премиер лига на Арена Спорт каналите на mSAT TV

Одлични вести за сите спортски фанови! Oтсега, на Арена Спорт каналите ќе може ексклузивно да ги следите сите натпревари на највозбудливата лига од Европа – англиската Премиер лига!

Честа да ја отворат новата натпреварувачка сезона во Премиер лига им припадна на тимовите на Кристал Палас и Арсенал. Натпреварот ќе се одигра на петти август (петок) на стадионот на домаќините Селхрст Парк во Лондон.

Сезоната, во која што Манчестер Сити ќе се обиде да ја одбрани шампионската титула, ветува дека уште еднаш љубителите на фудбалот, особено англискиот, ќе имаат прилика да уживаат во врвно фудбалско надигрување и надмудрување, возбудливи акции и сензационални голови.

Во меѓувреме, Арена спорт со целиот свој тим се подготвува да ги пренесе сите возбудувања до гледачите кои со нетрпение го очекуваат почетокот на новата фудбалска кампања на островот.

Но, покрај ексклузивните преноси од Премиер лига, гледачите како и досега само на Арена добиваат можност да уживаат во врвните фудбалски збиднувања и во француската Лига 1, шпанската Ла Лига која стартува на 12 август, италијанската Серија А, но и натпреварите од Македонската лига во фудбал. Арена ќе ги пренесува и натпреварите од престижната Лига на шампиони, како и Лига на Европа и Лигата на нации и од претстојното Светско првенство во Катар.

Каналите на Арена Спорт се достапни во сите пакети на mSAT TV, така што секој корисник ќе има пристап до врвна спортска содржна и ќе може да ужива во новата сезона на англискиот фудбал.

Листата на пакети може ја видите тука.

Аплицирајте за некој од MSat TV пакетите тука, на телефонскиот број 15010 или во салоните на продажната мрежа на Мтел Македонија и уживајте во натпреварите од Премиер лигата и останатите спортски возбудувања преку Арена каналите.

 

Уживајте во mSAT TV – Одлична телевизија, каде и да сте!