ТВ серија – Сложни браќа

01.02.2022.
ТВ серија - Сложни браќа

Ексклузивно на Superstar на mSAT TV
Жанр: комедија

Продолжението на истоимената, култна серија од 90-тите претставува класична хумористично-сатирична гротеска во која доминира комедијата на конфузија и во која на хумористичен начин се претставени менталитетите и социо-психолошките структури на екс-ју народот.

„Сложни браќа – Некст Џенерејшн“ е хумористична серија од 12 епизоди во времетраење од по 50 минути. Станува збор за продолжение на истоимената, култна серија на Радио-телевизија Србија од 90-тите, со која пораснале многу генерации.

Како и првата серија, така и ова продолжение претставува класична хумористично-сатирична гротеска во која доминира комедијата на конфузија и во која на хумористичен начин се претставени менталитетите и социо-психолошките структури  на поединци и на народите на територијата на поранешна Југославија.

Сценариото го потпишуваат д-р Неле Карајлиќ и Срѓан Јанковиќ. Режисер на серијата е Милорад Милинковиќ. Во главните улоги се појавуваат врвни актери, од Наташа Нинковиќ, Андрија Кузмановиќ, Марко Гверо, Ралет Миленковиќ, Ненад Окановиќ, Никола Пејаковиќ, Љубиша Савановиќ, Зоран Цвијановиќ, Милан Ковачевиќ, Дарко Остојиќ и Миљан Прљета, па сѐ до идните ѕвезди Маја Чампар и Амар Ќоровиќ. Во серијата како специјални гости ќе се појават и познати личности од светот на културата и спортот.

Сценарио: Неле Карајлиќ, Oгњен Јанковиќ

Режија: Неле Карајлиќ, Mилорад Милинковиќ

Актери: Марко Гверо, Милан Ковачевиќ, Амар Ќоровиќ