Го унапредуваме „Мој ТВ“ искуството на MOVE платформата

21.04.2026.
Го унапредуваме „Мој ТВ“ искуството на MOVE платформата

Скопје, 21 април 2026 – Во Mtel континуирано работиме на унапредување на нашите услуги, а најновиот чекор во таа насока е редизајнот на сегментот „Мој ТВ“ во рамки на MOVE платформата.

Со новото „Мој ТВ“, овозможуваме поедноставно, побрзо и поинтуитивно корисничко искуство, креирано според реалните навики и потреби на нашите корисници. Преку модерен интерфејс и подобрена навигација, го олеснуваме пристапот до ТВ и радио каналите, како и до персонализираните препораки.

Редизајнот го базиравме на неколку клучни принципи:

  • Поинтуитивен интерфејс – овозможуваме побрз пристап до содржината, со минимален број чекори.
  • Јасна и логична организација на содржините – за полесно откривање на омилените и новите содржини.
  • Поголем фокус на ТВ програмата – со визуелно истакнати сегменти кои ја доближуваат програмската шема до корисниците.
  • Подобра видливост на каналите – со цел побогато и поквалитетно ТВ искуство.

Важно е да нагласиме дека ова унапредување не носи промени во содржините или функционалностите на кои корисниците се веќе навикнати – тие остануваат исти, но сега се прикажани на поорганизиран и попрегледен начин.

Во Mtel остануваме посветени на создавање современи дигитални искуства и услуги кои го прават секојдневието поедноставно, побрзо и попријатно — за нашите корисници секогаш да бидат чекор поблиску до содржината што ја сакаат.

ПРЕГЛЕД НА ПРИВАТНОСТА

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб-страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата ги сметате за најинтересни и корисни.