ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ на Лични податоци на вработени и кандидати за вработување

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ на Лични податоци на вработени и кандидати за вработување

Што претставува политиката за приватност и безбедност на личните податоци на вработени
Кои податоци ги собираме и како ги користиме
Како можат податоците да се ажурираат
Како ги заштитуваме податоците што ги собираме
Промена на Политиката за приватност
Формулар за промена на податоци на кандидат за вработување/вработен
6.1.Што претставува ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ на Лични податоци на вработени и кандидати за вработување

Политиката за приватност и безбедност на лични податоци на вработени е создадена со цел да ви помогне на вас вработените да разберете кои податоци ги собираме, зошто и како ги собираме,  како и тоа како обезбедуваме безбедност на вашите податоци. Поради оваа причина, препорачуваме да одвоите време внимателно да ја прочитате нашата Политика за Приватност и Безбедност на лични податоци на вработени. За ажурирање на вашите лични податоци, можете да се обратите кај Офицерот за заштита на личните податоци, или да се обратите директно во Човечки ресурси.

МТЕЛ ДООЕЛ Скопје ја прифаќа имплементацијата на политиката за информациска сигурност како еден од виталните процеси на институцијата.

За време додека трае вашиот работен однос кај нас, а и потоа важно е да знаете како ги користиме вашите податоци, како обезбедуваме безбедност на податоците и како може да ја заштитиме вашата приватност.

Нашата политика за приватност и безбедност се состои од:

• Кои податоци ги собираме и како ги собираме и користиме?

• Како можат нашите вработени да пристапуваат и да ги ажурираат своите податоци?

• Како ги заштитуваме податоците што ги собираме?

6.1.Кои податоци ги собираме?

Ние ги собираме вашите лични податоци за да можеме да ја обработиме вашата апликација како и успешно да го оствариме вашето вработување. Личните податоци што ги собираме ги користиме исклучиво само за успешно извршување на селекција, контакт со вас како и спроведување на вработувањето. Вашите лични податоци не ги споделуваме со трети лица, ниту пак ги користиме за други потреби.

Вашите лични податоци ќе бидат собрани само доколку аплицирате на некој од нашите отворени огласи праќајќи ја вашата биографија за работа по било кој пат или аплицирате оставајќи ја вашата биографија во еден од нашите продажни салони.

МТЕЛ ДООЕЛ Скопје сите лични податоци од апликантите и вработените ги чува согласно Законските прописи, а за успешно реализирање на интервју потребни ни се следните податоци:

• Име и презиме

• Контакт Мобилен Телефон

или за вработување потребни ни се минимум следните податоци:

Име и презиме
Контакт Мобилен Телефон
Адреса на контактот
ЕМБГ
Број на трансакциска сметка
Листа за стаж
Диплома
Податок за вероисповед
6.2.Како ги користиме податоците што ги собираме?

Сите информации собрани од вас ќе бидат користени исклучиво за целите за кои сте ги доставиле вашите информации, за време на собирањето на информации или за целите опишани во оваа Политика за приватност и безбедност на лични податоци за вработени и кандидати за вработување.

Вашите лични податоци:

• Ќе бидат користени за успешна обработка на вашата доставена биографија,

• Ќе бидат користени за остварување на вработувањето, како и за сите права кои ви следуваат со ЗРО (Законот за работни односи) во текот на периодот додека сте вработени и потоа.

Вашите податоци ги собираме за да можеме да комуницираме подобро, да ги обезбедиме вашите права согласно ЗРО. Вашите лични податоци не се користат за други цели освен за целите наведени погоре.

6.1.Како можат податоците да се ажурираат

Податоците кои сте ги споделиле со нас за цел остварување на вработувањето можат да се променат во било кое време, доколку истите сте ги промениле и пред надлежни институции. Пријавувањето на промената е многу едноставна, се пријавува директно кај вашиот претпоставен или доколку ги пратите вашите ажурирани податоци во Човечки ресурси преку Формулар за промена на податоци на вработен.

6.1.Како ги заштитуваме податоците што ги собираме?

МТЕЛ ДООЕЛ Скопје ги презема сите неопходни технички и организациски мерки за да ја осигура приватноста и безбедноста на личните податоци собрани преку достава на вашата биографија и остварување на вработувањето. Податоците кои се собираат не се споделуваат со трета страна, само авторизирани вработени кои извршуваат обработка на личните податоци собрани преку достава на вашата биографија и остварување на вработувањето имаат овластување да ги обработуваат овие податоци. Податоците добиени преку доставените биографии  ги обработуваат лица кои се овластени за истото, ги чуваат заклучени и се чуваат 12 месеци, а се уништуваат со записник. Податоците добиени преку остварување на вработување  ги обработуваат лица кои се овластени за истото, се внесуваат во систем ПАНТЕОН за евиденција на вработени, се изменуваат ако има потреба за да се оставарат правата во врска со вработувањето, а по престанок на вработувањето се чуваат исклучиво документите во врска со работниот однос на вработениот (М1/М2, Договори за работа, Формулар за евалуација и сл.) 45 години. Сите други документи се враќаат на вработениот по престанок на неговиот работен однос.

5.1 Промена на Политиката за приватност

МТЕЛ ДООЕЛ Скопје го задржува правото во секое време да ја измени, или дополни политиката за приватност. За секое нејзино менување, или дополнување ќе биде поставено известување на веб страната на МТЕЛ, на огласна табла или ќе ви биде споделена при евентуално вработување.

ДТУ МТЕЛ ДООЕЛ Скопје

Управител

Марко Лопичиќ

Mесто за вашите прашања

E-адреса

Испрати ни е-пошта на info@mtel.mk

Повик

Повикај 15010 и заштеди време

Социјални мрежи

Следи нè на Facebook, Youtube, LinkedIn и Instagram

Филијала

Посети ја нашата експозитура и дознај сè што те интересира