POSTPAID
Постпејд – основни информации
Претплатнички однос за постпејд се воспоставува:
– Со посета на продажен салон на МТЕЛ
– Со повик во Kонтакт центарот на број 15010
– Преку веб порталот www.mtel.mk
– Преку каналите за партнерска продажба МТЕЛ
* Можност за префлување на постоечки активен број од друг телекомуникациски оператор, при што префрлувањето на бројот се наплатува согласно утврдениот износ наведен во Ценовникот на МТЕЛ
* СИМ картичката може да се користи во секој мобилен уред, во зависност од обликот и форматот, односно, стандарден, микро и нано формат.
* Во случај на губење или кражба на СИМ картичката, претплатникот може да ја замени картичката со нова, задржувајќи го својот телефонски број, со одреден надоместок, дефиниран во Ценовникот на МТЕЛ.
* Дополнителен попуст на надоместокот со договорна обврска на 12 и 24 месеци за време на целата договорна обврска, односно доколку корисникот склучи договор без договорна обврска, месечната претплата се зголемува за 200 ден.
Можност за користење на попуст за мобилен апарат во форма на субвенција:
– mCONNECT S – 2000 ден.
– mCONNECT M – 8000 ден.
– mCONNECT L – 11000 ден.
Доплатата за уредот по одобрување од МТЕЛ, може да се издаде на рати преку телефонска сметка.
* MTEL зоната се состои од мрежите: „MTEL“ во Северна Македонија, „MTEL Austria“ во Австрија, „MTEL Germany“ во Германија, „MTEL Switzerland“ во Швајцарија, „mts“ во Србија, „m:tel“ во Босна и Херцеговина, и „m:tel“ во Црна Гора.