Сите содржини (податоци, информации, документи итн.) објавени на веб-страницата www.mtel.mk (во натамошниот текст: веб-страницата) може да се користат исклучиво за индивидуалните потреби на корисниците во однос на сите авторски права и права на сопственост и правата на трети страни. Содржината на веб-страницата www.mtel.mk не смее да се користи за комерцијални цели на кој било начин без експресна претходна согласност на МТЕЛ, и секоја употреба што може да предизвика штета на МТЕЛ или на трета страна е забранета.
При користење на веб-страницата, се смета дека корисниците во секое време се запознаени и се согласуваат со овие Услови за користење, вклучувајќи ги одредбите за обработка на податоци и можностите поврзани со колачиња. Користејќи ја содржината на веб-страницата, корисникот ги прифаќа сите ризици што произлегуваат од користењето на веб-страницата и дека ја користи за лична употреба на сопствен ризик.
МТЕЛ се оградува од секаква одговорност што може да настане на кој било начин или е на кој било начин поврзана со користење на веб-страницата, или каква било штета што може да настане кај корисникот или кај која било трета страна во врска со користењето на содржината на веб-страницата.
Веб-страницата, исто така, содржи документи, податоци, информации и линкови до други интернет-страници создадени од трети страни, кои, секогаш кога е можно, ќе бидат означени како такви. МТЕЛ нема контрола врз таквите документи, податоци, информации или други интернет-страници и се оградува од секаква одговорност, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на точноста, комплетноста и достапноста на содржината на интернет-страниците создадени од трети страни.
Веб-страницата користи т.н. колачиња, кои се мали текстуални датотеки што се чуваат на хард-дискот на вашиот уред поврзан на интернет додека користите веб-прелистувач и се користат за да му овозможат на корисникот бесплатна услуга со целосна функционалност и содржина со највисок квалитет. Овде можете да најдете повеќе за користењето колачиња.
МТЕЛ – заштита на приватноста
МТЕЛ ја почитува анонимноста и приватноста на корисниците на веб-страниците. Повеќе за заштита на податоците, може да најдете овде.
МТЕЛ го задржува правото да ја промени содржината на веб-страницата, вклучувајќи ги и промените во цените на услугите. МТЕЛ нема да биде одговорен за евентуалните последици што произлегуваат од промените во содржината на веб-страницата.
МТЕЛ го задржува правото да ги промени овие Услови за користење. Можеме од време на време да ги промениме овие Услови за користење во целост или делумно, во секое време и без лично известување, под услов секогаш да објавуваме известување за промените направени на веб-страницата, или преку нашите услуги. Ве покануваме периодично да ги разгледувате овие Услови за користење. Ако не се согласувате со какви било промени, престанете да ја користите нашата веб-страница и/или затворете ја вашата сметка (доколку е применливо), или контактирајте нè без одложување. Промените на овие Услови за користење стапуваат на сила од денот кога се објавени на веб-страницата.
Овие Услови за користење важат од 25.5.2018 година, сè до известување за измените.