TВ серија – Единствен излез

27.02.2022.
TВ серија - Единствен излез

Eксклузивно на mSAT TV
Жанр: трилер

Поминаа шест години од смртта на Саша Колар, еден од сопствениците на адвокатската канцеларија и сопруг на Ана Колар, во пожарот во клубот „Единствен излез“. Непосредно по изрекувањето на казната на сопственикот на клубот во кој покрај Саша загинаа уште 12 млади луѓе, Ана од непознат испраќач добива е-маил со видео снимка на којашто го гледа својот мртов сопруг. Таа се сомнева дека тој е жив и дека целата приказна за неговата смрт е наместена.

Ана без размислување тргнува во потрага по него и доаѓа до заклучок кој само го потврдува нејзиниот сомнеж. Во исто време, ненадејната смрт на најдобриот пријател на неговата ќерка го вовлекува инспекторот Дејан Штрбац во синџир на злосторства кој започнува со мистериозното исчезнување на млада адвокатка пред 6 години. Додека сѐ е против нив, двајцата херои започнуваат заедничка потрага по вистината, која ги соочува со мрежа од лаги, уцени и убиства, но и мрачни тајни од сопственото минато.

„Единствен излез“ е прва српска автентична хичковска трилер серија која гледачот го држи во неизвесност до крај.

Сценарио: Марко Поповиќ, Ива Митровиќ, Иван Кнежевиќ

Режија: Дарко Николиќ

Улоги: Анѓелка Прпиќ, Љубомир Бандовиќ