ТВ серија – Тајната на виновата лоза 1

25.02.2022.
ТВ серија - Тајната на виновата лоза 1

Ексклузивно на Superstar на mSAT TV
Жанр: драма

Семејството на богатиот бизнисмен Вук Томовиќ од Суботица крие многу тајни, но и Вера, самохрана мајка на два сина од Неготинска Краина, живее во страв дека нејзините тајни ќе бидат откриени.

Ќерката на Вук, Ања, завршила енологија во Париз. Таа се враќа во родниот крај со намера да го преземе водењето на сериозниот семеен бизнис. Образованието и технологиите на Ања преземени од Запад се судираат со навиките и традициите на локалното винарство.

Низ 36 епизоди, серијата ги следи судбините, драмите и борбите на две лозарски семејства од различни културни средини, чии интимни саги се обвиткани со лаги и молк. Во оваа драматична приказна на мистериозен начин се испреплетени навидум неповрзани судбини. Заедничко за двете семејства се солзите, бакнежите и ударите. Мелодраматичната нота која е постојано присутна во оваа серија укажува на тоа дека не постои семејство без тајни. Во виното е вистината! Но, дали е тоа навистина така?

Сценарио: Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ, Ива Митровиќ, Марко Поповиќ

Режија: Ана Марија Роси, Горчин Стојановиќ, Марко Глушич, Дејан Караклајиќ, Марко Манојловиќ, Коста Ѓорѓевиќ

Улоги: Слобода Миќаловиќ Ќетковиќ, Војин Ќетковиќ