TВ серија – Измамници

24.02.2022.
TВ серија - Измамници

Eксклузивно на mSAT TV
Жанр: комедија, трилер

Во септември 1930 година, државната класна лотарија на Кралството Југославија објавува дека е извлечен лоз со главната парична награда на Туристичката лотарија во износ од милион динари, кои одат кај среќниот добитник во Паланка, мало гратче во внатрешноста на Србија. Престолонаследникот Петар, како покровител на Јадранската гарда, која ја лансираше Туристичката лотарија, лично му честита на непознатиот добитник и го кани да ја преземе наградата во седиштето на Државната класна лотарија. Единственото прашања е кој добитникот. Тоа прашање наеднаш ќе го преврти мирниот и спокоен живот во Паланка. Нејзините граѓани до неодамна размислуваа само за претстојните избори за градоначалник, на кои ќе бираат меѓу двајца кандидати кои приватната кавга ја претворија во политички натпревар, но ненадејната појава на лотаријата го фрла сето тоа во втор план.

Сценарио: Адам Ранѓеловиќ, Ѓорѓе Милосављевиќ (супервизија)

Режија: Слободанка Радун, Мирослав Лекиќ, Немања Ќераниќ

Улоги: Павле Менсур, Филип Хајдуковиќ, Драган Јовановиќ, Бранка Пујиќ, Страхиња Блажиќ, Анѓела Јовановиќ, Александар Ѓурица, Марко Баќовиќ, Невена Ристиќ, Дејан Луткиќ, Бранкица Себастијановиќ, Срѓан Милетиќ, Власта Велисављевиќ, Горица Поповиќ, Војин Ќетковиќ, Андрија Кузмановиќ